4 лаги во кои на крајот и сами веруваме

Веројатно ја имате слушнато изреката дека ако една лага си ја кажете повеќе пати, на крајот и сами ќе поверувате во неа. Тоа се оние лаги со кои сакаме самите да се залажуваме или со кои свесно ја избегнуваме вистината што не можеме да ја прифатиме.

4-lagi-vo-koi-na-krajot-i-sami-veruvame-01

Ова се дел од лагите кои постојано ни се јавуваат низ секојдневието и во кои на крајот и сами си веруваме.

1. „Ако се промени мојот партнер, пријател, шеф и мојот живот би бил многу подобар“

Наместо да ги обвинуваме другите, понекогаш вината за лошиот живот треба да ја побараме во себе.


2. „Ако имам подобра работа не би бил/а беден/на и очаен/на“

Уште едно убедување во незадоволството од себе или од работата. Понекогаш бараме некој конкретен пример на кој ќе го насочиме незадоволството, наместо да прифатиме дека сме незадоволни од себе како личност. Ако е проблемот работата, решението е да ја оставите и да побарате подобра. Но, она што не можете да го напуштите сте самите вие.


3. „Премногу сум стар/а за дополнително образование, патување, вежбање...“

Ако барате само изговор за да не направите поголем напор или да размислите подобро, оваа лага е лесно прифатлива. Но е многу погрешна, затоа што за ништо што вистински сакате не е никогаш доцна.


4. „Кога би бил/а заљубен/а и би имал/а совршено тело, сигурно би бил/а посреќен/а“

Посакувате работи кои не можете да ги добиете во истиот момент, но сигурно не треба да ја одредуваат вашата среќа. Она што треба да го направите е да се прифатите себе и да признаете дека ако имате поголема самодоверба и се сакате онакви какви што сте, сигурно би биле среќни и без совршено тело.

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg