Имате несоница? Ставете лаванда во собата и ќе заспиете веднаш
Секој во животот барем еднаш се дружел со несоницата на перница која не му дозволувала да заспие цела вечер.
Доколку вие моментално го имате овој проблем, а не знаете како да го решите, овие 4 растенија ќе го решат за вас, само доколку одлучите да си ја разубавите спалната соба со нив.
Доволно е да ги ставите во вазна, или да ги купите во саксии кои ќе ја красат просторијате во која спиете, а воедно ќе ви помогнат да заспивате полесно секоја вечер опиени од нивниот мирис.
Лаванда, не само што се користи за проблеми со кожата и како и лек за стомачни болки, лавандата со својот хипнотизирачки мирис ќе ве ослободи и од анксиозноста и ќе ве успие веднаш.
Јасмин, ја намалува анксиозноста и дава елан после будењето полесно да го започнете денот. Неговата слатка арома ќе ве заспива лесно секоја вечер, а ќе ве буди секое утро расположени.
Алое, со својот свеж мирис и зелена боја може да ви ја смири главоболката и да ве ослободи од стрес, додека пак лесното заспивање не претставува исклучок.
Гарденија, наместо да користите таблети за спиење, разубавете си ја спалната соба со убавите цветови на Гарденијата и заспивајте лесно и мирно секоја вечер опиени од нивната миризба која делува дури и посмирувачки од таблетите за спиење.