5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени

Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носат многу нови можности - кои други потсеници ќе ви помогнат полесно да се справите со големите и неизбежните животни промени?

5-potsetnici-koi-kje-vi-pomognat-polesno-da-gi-prifatite-golemite-i-neizbezhni-zhivotni-promeni-01.jpg

Нова работа, преселување во нов град, нова врска... Ова се големи животни промени што, колку и да се подготвувате за нив, секогаш изгледаат застрашувачки.

Но, ако малку си ја промените перспективата, ќе сфатите дека промените и не се така лоши.

Стравот од промени нè парализира и управува со нашите животи, но промените, големи или мали, се случуваат во нашите животи уште од нашето раѓање.

Токму тие нè направиле личноста којашто што сме денес. Затоа е важно да ги прифатиме.

Следниот пат кога ќе се исплашите од некоја промена, присетете се на овие работи:

1. Промените се неизбежни

Дури и античкиот филозоф Хераклит рекол дека само промената е постојана. Како што старееме, гледаме дека навистина бил во право. Секоја нова фаза од животот бара нова верзија од нас.

Нашето „јас“ кое уживало во безбедноста на родителскиот дом не е еднакво на нашето „јас“ кое мора да се справи со стресот од работа и бројните проблеми во секојдневието на возрасната личност. 

Но, овие ситуации нè учат дека промената е составен дел од животот.

2. Секоја промена ни помага да созрееме

Ако сакаме да ги задржиме работите околу нас такви какви што се, стагнираме и не созреваме.

Ако никогаш не си дозволиме да направиме големи промени, како преселување, давање отказ од лошото работно место или запишување на факултетот кој одамна сме го посакувале, засекогаш ќе останеме личност која сонува за работи што никогаш нема да ги постигне.

5-potsetnici-koi-kje-vi-pomognat-polesno-da-gi-prifatite-golemite-i-neizbezhni-zhivotni-promeni-02.jpg

3. Неретко, промените значат многу нови можности

Промената ви овозможува да пробате нови работи и да ја отворите вратата за нови можности. 

На пример, преселбата во нов, голем град ќе ви овозможи поголема мобилност, нови искуства, остварување контакти со луѓе од вашето поле или, пак, можност за нова љубов.

4. Секоја промена ќе ве научи на нешто ново

Секоја нова промена ќе ни донесе лекција што никогаш нема да ја заборавиме.

Ќе научиме колку сме силни, што можеме да сториме, колку можеме да се справиме со проблемите, како можеме да се бориме...

5. Промените го прават животот поубав

Зарем не би било здодевно ако нашите животи би се состоеле од рутина која никогаш не се менува?

На почетокот промените се страшни и можат да нè вознемират, но кога ќе помине бурата, светот станува подобро место.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg