5 корисни утрински навики кои ќе ве направат посреќни

Веројатно веќе сте запознаени со изреката „по утрото се познава денот“? Секако дека да. Сите ние сме ја слушнале таа изрека барем 100-на пати, но поголемиот дел од нас воопшто не се свесни колку таа реченица е точна.

5-korisni-utrinski-naviki-koi-kje-ve-napravat-posrekjni-01.jpg

Ако најубавиот дел од денот не го започнете како што треба, ако утрото ви е стресно и исполнето со нездрави навики – како кафе и цигари, ќе имате уште полош ден.

Затоа, постојат неколку корисни и здрави навики кои ќе придонесат до посреќни утра, а со тоа и долгорочна среќа во животот:

1. Длабоко дишете

Наутро, веднаш по спиењето, отворете ги сите прозори во домот и длабоко дишете 10-на минути. Притоа добро би било сами да се потсетите колку сте живи, здрави и среќни. Ако утрото го започнете со позитивен став, во текот на денот ќе бидете поотпорни на негативната енергија.

2. Истегнување

Брзите движења по спиењето можат да предизвикаат проблеми, бидејќи телото е по малку тромаво кога ќе се разбудите. За да не се случи тоа, по утринската хигиена, направете неколку вежби за истегнување.

3. Топло-ладен туш

Влезете под туш и наизменично туширајте се со топла и ладна вода. Тоа ќе ја подобри вашата циркулација, потполно ќе се разбудите и наполните со енергија.

4. Појадок пред кафе

Можеби шолјата кафе и една цигара ви се утрински ритуал кога ќе станете, но не треба да ги консумирате рано наутро на празен желудник. Појадувајте во мир, а потоа продолжете со останатите утрински активности.

5. Планирајте

Најголемите проблеми наутро се случуваат поради тоа што воопшто не планирате и не го управувате сопственото време. Целиот утрински стрес произлегува од брзањето и доцнењето, а тоа најчесто можете да го избегнете ако добро го испланирате времето.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вежби за мозокот со кои ќе го намалите ризикот од деменција Играњето шах бара стратешко планирање и задржување на вниманието, при што ќе ви ...
11 луѓе со уникатни генетски карактеристики и способности – вена во вид на срце, преплетени прсти „Мојот сопруг има вена во облик на срце на бицепсот“, „Левото стапало ми е многу...
7 древни јапонски техники со кои најлесно ќе ја надминете мрзеливоста Каизен, Ваби-саби, Хара Хачи Бу... Дали сте слушнале за овие техники п...
Самоубиства, сообраќајки, убиства: Проклетството што ги следи актерите од ретро серијата „Power Rang... Еден од актерите изврши самоубиство на 50-годишна возраст, а една од актерките з...
12 едноставни, но важни совети за среќен и исполнет живот Станете еден час порано - подобро да имате малку време за себе отколку панично д...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg