20 работи кои само креативните луѓе ќе ги разберат

Се чини дека повеќе нема простор за аргументи, неврологијата потврдува дека креативните луѓе размислуваат поинаку, односно дека нивните мозоци, буквално се изградени на поинаков начин.

20-raboti-koi-samo-visoko-kreativnite-lugje-kje-gi-razberat-01.jpg

Ако сакате барем една таква личност, тогаш знаете дека понекогаш знаат да бидат комплетно различни од остатокот од светот.

Вистината е ако сакате една таква личност, нема да се обидете да ја промените, туку ќе се обидете да ја разберете.

Сè започнува со тоа да го гледате светот низ нивните очи и да ги запомните овие 20 работи:

1. Имаат ум кој никогаш не забавува

Нивниот креативен ум е „машина“ која никогаш не забавува, ниту пак запира.

2. Ја предизвикуваат статус кво состојбата

Кај нив постојат две прашања: „Што ако...“ и „Зошто да не....“.

3. Ја прифаќаат својата генијалност дури и кога е одбиена од другите

Креативните генијалци преферираат да бидат автентични над популарни, да бидат свои.

4. Имаат потешкотии да се концентрираат само на една задача

Сакаат постојано да започнуваат нови работи, посебно кога веќепостоечките проекти им стануваат здодевни.

5. Креираат во циклуси

Креативноста има ритам кој тече меѓу периоди на висока, понекогаш и манична, активност и бавни периоди.

6. Потребно им е време за да ја нахранат својата душа

Потребно им е од време навреме да бараат нови извори на инспирација, баш како што на автомобилот му е потребно ново гориво за да продолжи со возење.

20-raboti-koi-samo-visoko-kreativnite-lugje-kje-gi-razberat-2.jpg

7. Потребен им е простор за да креираат

Вистинскиот простор е есенцијален за креативноста да го достигне својот врв.

8. Интензивно се фокусираат

Потребно им е време за повторно да си ја вратат инспирацијата ако се прекинати во процесот на креирање.

9. Имаат длабоки и интензивни чувства

Некој би рекол дека секој писател мора да вреска над страницата, ако сака да слушне и најмало шепотење од неа.

20-raboti-koi-samo-visoko-kreativnite-lugje-kje-gi-razberat-3.jpg

10. Живеат на границата меѓу радост и депресија

Нивното чувствително срце брзо може да ги промени емоциите и од радост да западнат во депресија.

11. Размислуваат и зборуваат како да раскажуваат приказна

Креативните луѓе знаат дека зад секоја работа се крие приказна која чека да биде слушната и раскажана.

12. Се борат против отпорноста, секојдневно

Креативните луѓе секое утро се будат потполно свесни дека мораат да растат и да се менуваат, а тоа подразбира и да се притискаат себеси.

13. Работата ја сфаќаат лично

Творештвото е суров израз на лицето кое го создало креативното дело.

14. Не си веруваат потполно на себеси

Дури и онаа горделивата креативна личност често се прашува, „Дали сум доволно добар/а?“.

15. Интуитивни се

Високо креативните личности велат времето не треба да се разбира, туку да се почувствуваа.

20-raboti-koi-samo-visoko-kreativnite-lugje-kje-gi-razberat-4.jpg

16. Одложувањето на потребите го користат како алатка

Креативните личности се познати по одложувањето на личните потреби, бидејќи најдобрите дела излегуваат токму од притисокот кој го чувствуваат.

17. Зависни се од креативноста

Моментот кога добиваат инспирација, велат невролозите, дека е едно од најзависните чувства на планетата.

20-raboti-koi-samo-visoko-kreativnite-lugje-kje-gi-razberat-5.jpg

18. Имаат потешкотија да завршат проект

Често се откажуваат од одредени проекти затоа што им стануваат здодевни, па и за повторно да го почувствуваат она чувство на иницијална инспирација.

19. Ги „поврзуваат точките“ подобро од другите

Работите многу полесно и побрзо знаат да ги разберат, во својата суштина, од другите луѓе.

20. Никогаш не растат

Кретивците секогаш гледаат низ очите на дете, никогаш не престануваат да бидат љубопитни и наивни.

20-raboti-koi-samo-visoko-kreativnite-lugje-kje-gi-razberat-6.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи кои се нормални во Јапонија, но на туристите им изгледаат како од друг универзум Купуваат лекови скршени на половинка, кога врне си земаат чадор од автобус па го...
Стари (и подзаборавени) имиња за момчиња со убаво значење Секое име има значење и симболика кои кажуваат нешто за личноста која го носи. Н...
Пророштва на Нострадамус за кои се верува дека се исполниле Доаѓањето на Адолф Хитлер, но и атомските бомби во Хирошима и Нагасаки се само д...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...
Во Франција има 42.986 - Земји со најмногу кружни текови во светот Со скоро 43.000, Франција е на врвот на листата на 5 земји со најмногу кружни те...
10 фотографии кои ќе ги излудат перфекционистите Погрешно ставена плочка среде идеален мозаик, жардињера со цвеќиња ставена настр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg