5 правила кои морате да ги прекршите во 20-тите

Не бадијала постои изреката дека некои правила се создадени само за да можете да ги прекршите, особено ако сте млади и се наоѓате во вашите 20-ти години.

pet-pravila-koi-morate-da-gi-prekrsite-vo-dvaesettite-001.jpg

Тоа е периодот кога ги создавате сопствените искуства и перцепции за светот, па не е лошо да прекршите некое од непишаните правила кои светот се обидува да ви ги наметне.

Правило бр. 1: Држете се до она во кое сте добри

Зошто да го прекршите: Дали знаете дека животот почнува онаму каде што завршува вашата удобна зона? Понекогаш треба да си дадете шанса себеси и да откриете нови работи, во кои можеби ќе бидете подеднакво добри или уште подобри. Никогаш не знаете каде тоа би можело да ве одведе.

Правило бр. 2: Никогаш не го правете вие првиот чекор

Зошто да го прекршите: Не ви велиме дека треба да отидете и да го поканите на состанок, иако ни тоа не е исклучено, но не е лошо да му дадете до знаење што мислите за него. Зошто да губите непотребно време?

Правило бр. 3: Никогаш не му противречете на шефот

Зошто да го прекршите: Секогаш треба да бидете професионални, но ако мислите дека овојпат сте во право и имате докази за вашето тврдење, изборете се за себе. Некогаш можеби нема да успеете, но ќе знаете дека сте се обиделе. А, еден ден можеби и ќе успеете и којзнае какво ново нешто ќе ви се случи.

Правило бр. 4: Ако не знаете да кажете нешто убаво, подобро молчете

Зошто да го прекршите: Не ги охрабруваме кавгите, но понекогаш е важно да се ставите себеси на прво место и да не дозволите другите да ве газат. И сето тоа може да се направи со стил, без потреба да се спуштите на нивно ниво.

Правило бр. 5: Не треба да се пријавувате за работни позиции кои се повисоки од вашата сегашна

Зошто да го прекршите: Ако во моментов се обидувате да се искачите чекор погоре во професионалната кариера, пронаоѓањето на вистинската прилика секако не е ни малку едноставно. Токму затоа не треба да се ограничувате, затоа што никогаш не се знае каде можете да стигнете. Помислете само што е најлошото што може да ви се случи? Можеби нема да ја добиете работата, но луѓето ќе знаат дека постоите, и можеби еден ден...

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg