Црнец без јајца

crnec-bez-jajca-povekjeДоколку имате малку перверзен ум, не сакаме да знаеме што прво ќе ви падне на памет според насловот. Но, затоа, можеме да ви дадеме идеја...

 

...како да исполните дел од вашето време викендов.

Колку и да не ве бидува во кујна, сигурно ќе ви биде мерак да направите колаче кое има вакво интересно име нели?

Што ви е потребно?

Состојки (за тесто)crnec-bez-jajca

  • 3 јогурти (3 x 180грама)
  • 300 грама пченично брашно
  • 250 грама шеќер
  • 120 мл масло
  • 25 грама какао
  • 2 лажички сода бикарбона
  • Масло за премачкување на тавчето

Состојки (за прелив)

  • 150 грама масло
  • 150 грама чоколадо за готвење
  • 120 грама шеќер
  • 120 милилитри млеко

Подготовка:

1. Јогуртот, брашното, шеќерот, какаото и сода бикарбоната мешајте ги со миксер 2-3 минути.

2. Смесата префрлете ја во тавче со димензии 20x30 сантиметри претходно премачкано со масло и печете во рерна на 200 степени околу 20 минути.

3. Маслото загрејте го, тргнете го од рингла, измешајте го со чоколадото, шеќерот и млекото се додека не добиете глатка смеса.

4. Колачот оладете го и прелијте го со чоколадната глазура (прелив).

Може да се служи и со шлаг и сезонско овошје. Чекаме импресии!

Би можело да ве интересира:

Работи што во минатото беа неприфатливи, а денес се секојдневие, низ илустрации Дискриминација на жените врз која било основа. Учење на децата дека старите секо...
Породување, камен во бубрег: Најсилни болки кои може да ги почувствува човекот Фрактурата на пенисот, позната и како „најлошиот кошмар на секој маж“ ...
Смешни ситуации во кои ќе се пронајдат сите сестри, низ илустрации Крадење облека една од друга и закани како „Ќе те кажам на мама“ во детството – ...
5 знаци дека сте во врска со патолошки лажго, низ илустрации „Нашите тела се приспособени да ни испраќаат сигнали кога се наоѓаме во опасност...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
7 популарни имиња со силно значење за момчиња и девојчиња родени во октомври Ако вашето бебе треба да се роди во октомври, а вие и понатаму немате избрано им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg