Да наздравиме - луѓето кои пијат алкохол имаат поголеми шанси да живеат подолго

Според последните спроведени истражувања, луѓето кои почесто консумираат алкохол имаат реални шанси да живеат подолго, за разлика од оние кои не пробале ниту една капка во својот живот.

Da-nadzravime-lugjeto-koi-pijat-alkohol-imaat-pogolemi-sansi-da-ziveat-podolgo-01.jpg

Не, не е никаква лага, ниту шега: Апстиненцијата од секаков вид на алкохол може да доведе до пократок животен век, за разлика од оние кои го консумираат во умерени количини.

Строго контролирана група од испитаници на возраст од 55 до 65 години била подложена на испитување. Предмет на анализа бил нивниот живот во последните 20 години и различните варијабли, како социоекономскиот статус и нивото на психофизичката состојба.

Резултатите покажале дека стапката на смртност била највисока кај оние луѓе кои никогаш не пробале ниту една капка алкохол, средна стапка се констатирала кај „тешките“ пијачи, а најниска стапка кај оние кои уживаат во алкохолот во умерени количини, во просек од 1 до 3 пијалаци дневно.

Статистиката во проценти изгледа вака: 41% од оние кои пијат умерени количини на алкохол го завршиле животот порано пред просечниот животен век, додека процентот на оние кои воопшто не пијат алкохол, а го завршиле својот живот порано изнесува дури 69%.

Можното објаснување за овие добиени резултати е дека алкохолот е одлична „спојувалка“ во социјални интеракции, а ваквиот тип на комуникации се есенцијални за одржување добро ментално и физичко здравје.

„Непијачите“, од друга страна, покажале поголеми знаци на депресија, како и поголем потенцијален ризик од срцеви заболувања, поради неконсумирање на црвено вино.

Со напомена дека сепак консумирањето алкохол треба да е умерено и одговорно, да ги кренеме чашите и да наздравиме за добро и долговечно здравје!

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg