8-те вештини кои секој 18-годишник треба да ги усоврши

Полнолетноста е период во кој според многумина децата се веќе оформени личности кои се свесни тоа како функционира светот околу нив.

Poranesen-dekan-na-Stenford-gi-sodeluva-8-te-vestini-sto-sekoj-18-godisnik-treba-da-gi-poseduva-01

Еден поранешен декан на познатиот американски универзитет „Стенфорд“ ги издвојува следните 8 вештини кои, според него, треба да ги поседува секој 18-годишник.

Секоја од нив е клучна за неговиот понатамошен развој и има важна улога во неговото дооформување како зрела личност која секојдневно ќе напредува и ќе се надградува.

1. Мора да знае да зборува со непознати

Во вистинскиот свет младите ќе мораат да се снаоѓаат сами, па токму затоа од суштинско значење е да знаат како правилно да се постават со непознатите лица. Контактот со очите, начинот на разговор и љубезното однесување се нешто кое тие мора да го научат до оваа возраст.

2. Секој 18-годишник мора да знае да се снајде во средината во која ќе се најде

Без оглед за каква средина станува збор, секој млад човек до оваа возраст треба да научи како да се приспособи на условите во кои се наоѓа и од нив да го извлече максимумот.

3. Секој 18-годишник мора да знае да менаџира со неговите задолженија, обврски и рокови

Домашните задачи се одличен начин децата да научат да го вреднуваат времето и роковите кои им се поставени. Во иднина ваквата вештина ќе им биде од огромна корист.

4. Секој 18-годишник мора да придонесе во управувањето со домаќинството

Без оглед дали тоа се мали работи како фрлање на ѓубрето или прошетка на кучето, важно е секој млад човек да стекнe навика и да осознае кои се обврските кои му претстојат во животот.

5. Секој 18-годишник мора да знае да се справи со интерперсоналните проблеми

Важно е да ги оставите децата сами да научат да ги решаваат нивните проблеми кога се чувствата во прашање, бидејќи доколку се однесувате премногу заштитнички кон нив, тие ќе добијат сосема поинаква претстава за светот со кој ќе треба да се соочат. 

6. Секој 18-годишник мора да знае да се справи со подемите и падовите

Ваша задача е да му покажете дека животот се состои од подеми и падови. Без оглед дали тоа е почитување на даден рок, соработка со непријатни колеги или разговор за теми кои не им се омилени.

7. Секој 18-годишник мора да знае да заработи пари и да управува со нив

Научете го детето што значи одговорност за парите така што ќе му најдете работа со скратено работно време. На тој начин децата учат како да ги ценат парите кои сами ги заработиле и водат сметка правилно да ги потрошат.

8. Секој 18-годишник мора да биде подготвен да презема ризици

Тинејџерството и адолесценцијата се периоди во кои децата сè уште се бараат себеси. Преземањето ризици е одличен начин тие да откријат што навистина сакаат и во која насока да продолжат со животот.

М. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg