Свети Трифун против Свети Валентајн: Славите љубов или вино?

Без оглед на тоа дали славите Валентајн или Трифун, или ниту едното ниту другото, ќе забележите како денес на сите страни има цитати, мисли, тематски фотки...

sveti-trifun-protiv-sveti-valentajn-slavite-ljubov-ili-vino-1.jpg

Факт е - Сакаме фешти и веселби, па баш убаво ни доаѓа секој празник, дури и онoj коj не e во наша традиција. Само нека е весело.

Случајно да не задоцниме со љубовта

Мора да признаеме дека ниту еден празник не се вовлече во нашата култура толку брзо како Денот на вљубените. И нема врска што православниот светец на љубовта се слави дури на 13-ти август.

Решивме да забрзаме со изјавите и запросувањата, случајно да не задоцниме и да не останеме зад сите. Срциња на сите страни. Од плишани мечиња до чоколади и црвени рози...

sveti-trifun-protiv-sveti-valentajn-slavite-ljubov-ili-vino-2.jpg

А, што е со Свети Трифун?

Неговите моќи најчесто ги слават љубителите на виното. Се верува дека токму тој Свети Трифун штити од поплави, чувар е на растенијата и заштитник на лозарите, но многу често го слават и кафулињата и урбаните локали.

Се верува дека на овој празник снегот почнува да се топи, дека полека се најавува пролетта и дека природата се буди.

sveti-trifun-protiv-sveti-valentajn-slavite-ljubov-ili-vino-3.jpg

Без оглед на тоа кој од овие два празници ќе го прославите, факт е дека ќе мора да навлезете во потрошачката машинерија и да купите нешто со многу срциња или барем шише сортно вино.

За што се одлучивте денес?

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Морничави нерешени мистерии од реалноста кои ќе ве држат будни навечер Во 2019-та, Американката Ели Грин дознала дека мајка ѝ починала во психијатриска...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg