Од партали до богатство: 10 ѕвезди кои се родени во сиромашни семејства
6. Џенифер Лопез
Џеј Ло израснала во американско семејство во Бронкс каде што се зборувал лош англиски. Живеела во мал стан заедно со нејзините сестри. Нивните родители постојано ги охрабрувале да се обидат во музиката и танцувањето.
7. Селена Гомез
Родителите на Селена при нејзиното раѓање имале 16 и 17 години. Јасно е дека проблеми со парите се појавиле уште од почетокот, а се интензивирале по разводот. 5-годишното девојче останало со мајката која ѝ ја давала својата целосна поддршка.
8. Ники Минаж
Ники пораснала во многу нефункционално семејство. Нејзиниот татко, зависник од дрога и алкохол често пати ја тепал својата сопруга, па Ники многу често ноќите ги поминувала било каде само не дома.
9. Еминем
Мајката на Еминем имала 17 години кога тој се родил. Нејзиниот сопруг ја оставил, а Еминем кога пораснал престанува да зборува со неа. Тој често пишува во своите текстови за изгубеното детство.
10. Џеј Зи
Израснал во семејство со 4 деца, само со својата мајка. Раперот признава дека како дете бил принуден дури и да продава дрога за да заработи за храна.
М. С. | Црнобело