Во животот има две години кога луѓето се најсреќни: Кои се тие?

Често знаеме да кажеме дека младоста е најубавото време, но од друга страна пак, со годините доаѓа мудроста, а со неа вештините, па можеби и поголемата среќа.

vo_zivototo_ima_dve_godini_koga_lugjeto_se_najsrekjni_koi_se_tie-01.jpg

Водени од таа идеја, од лондонскиот колеџ, „London School of Economics and Political Science“, решиле да направат истражување кое открива дека во животот постојат две доба кога луѓето се најсреќни.

Истражувањето е направено на 23 Германци на возраст од 17 до 85 години.

Испитаниците морале да оговорат општо, колку се задоволни од својот живот и требале да предвидат како ќе се чувствуваат за 5 години.

Резултатите довеле до интересни заклучоци.

Нивото на среќа помеѓу 20 и 70 години може да се прикаже како буквата „U“, со тоа што најголема радост чувствуваме на 23 и 69 години.

Плус, истражувачите откриле дека младите знаат да ја преценат својата среќа, а старите да ја потценат.

Но, животот е преполн со изненадувања, како добри, така и лоши, па сигурни сме дека оваа генерализација не мора да одговара баш на сите луѓе.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
9 забавни илустрации кои покажуваат дека со стареењето гледаме поинаку на работите Конечно знаеме како да ги распределиме финансиите, избираме практични подароци, ...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg