11 необични работи кои може да ги направи само женското тело

Велат дека мажите се од Марс, а жените од Венера. Можеби и има некоја вистина во ова тврдење, бидејќи нaшите тела се дефинитивно различни.

11-neobicni-raboti-koi-moze-da-gi-napravi-samo-zenskoto-telo-001.jpg

Еве неколку докази дека секоја жена има способности за коишто мажите може да сонуваат.

Жените се пофлексибилни

Ова е благодарение на тоа што нивните мускули и лигаменти содржат повеќе еластин отколку колаген. Затоа жените се природно пофлексибилни. Од друга страна пак, со текот на годините ова ја забрзува појавата на брчки и доведува до болки во зглобовите.

Жените живеат подолго

Имунолошкиот систем на жените подобро се справува со надворешните и внатрешните закани по здравјето, клетките кај нив стареат побавно, па затоа и работат поефикасно. Затоа често пати жените доживуваат длабока старост и се разболуваат поретко од мажите.

Секогаш има повеќе сингл жени, отколку мажи

Ова е во голема мерка така заради големата смртност помеѓу машката популација. Како резултат на тоа бројот на жените го надминува бројот на мажите во светски рамки. На пример, во Русија има 9 милиони повеќе жени, отколку мажи.

Од друга страна пак, има многу земји каде што луѓето вештачки пробуваат да влијаат на раѓањето за да се раѓаат повеќе машки деца. Како на пример во ОАЕ, каде што има 213 мажи на 100 жени во просек.

Жените се чувствуваат посреќно кога ќе помирисаат машка пот

Феромоните коишто ги содржи машката пот имаат позитивен ефект врз работата на женското тело. Од нив се стабилизира менструалниот циклус, се подобрува расположението и се намалува нивото на нервоза.

Една жена е способна во својот животен век да роди 40 и повеќе деца

Благодарение на генетските карактеристики, некои жени можат да родат и да одгледуваат и по неколку десетици деца. Рекордот во ова го држи кинескиња која на почетокот на 18 век родила 69 деца. Се пораѓала 27 пати: 16 пати со близнаци, 7 пати со тројки и 4 пати со четворки.

Денес, во просек една жена има 1-2 деца.

Женските отпечатоци на прстите се 99% различни

Кожата на жените лачи 2 пати повеќе аминокиселини од кожата на мажите и истите ги распоредува различно на површината на прстите. Благодарение на ова, научниците можат со веројатност од 99% да го распознаат полот на личноста врз основа на отпечатоците на прстите.

Доењето дава супермоќи

При доење започнува производството на невообичаено голем број на хормони, коишто имаат значаен ефект врз работата на мозокот и телото.

Жените помалку се грижат за непотребни работи, стануваат похрабри, уживаат повеќе во секојдневните работи, стануваат епматични и скоро способни да ги читаат мислите и расположенијата на останатите луѓе, како и подобро да разликуваат звуци и бои.

Хормоналните лекови го менуваат мирисот на жените и ги прават понепривлечни во очите на мажите

Хормоналните лекови за несакана бременост го менуваат хормоналниот баланс во телото. Така мирисот на жената сега содржи информација дека таа не е подготвена за зачнување дете, а како резултат на тоа мозокот на мажот решава дека таа жена е помалку атрактивна во однос на другите.

Меморијата на жените е подобра

За разлика од мажите, женскиот мозок користи различни делови од мозокот од двете хемисфери за да може поефективно да ги зачува информациите. Голема улога во ова играат константните промени во нивоата на естроген, поврзани со менструалниот циклус.

Најдобро од сѐ е што жените имаат и вербална и асоцијативна меморија.

Бремените жени развиваат нов орган

За да може да има бебе, телото на жената развива нов орган, плацентата. Овој орган се грижи за бебето и влијае на производството на хормони во телото на мајката, а по пораѓањето го напушта телото заедно со фетусот.

Мозокот на жената постојано се реновира благодарение на хормоните, па дури и го менува карактерот на жената

Делот од мозокот задолжен за емоции, меморија и одржување внимание, реагира на постојаните промени во нивоата на естроген во телото на жената. Како резултат на ова, за време на менструалниот циклус, однесувањето на жената, па дури и нејзиниот карактер може значително да се променат.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Крпење чорапи, штиркање - Работи кои сите домаќинки во Југославија ги правеле, а денес не ни паѓаат ... Вриеле облека на шпорет, штиркале, крпеле чорапи... Дали вашите мајки или баби п...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg