Зошто жирафата има долг врат, зошто зевањето е заразно: 18 прашања на кои науката сè уште нема одговор

Можно ли е патување во времето?

Секој од нас барем еднаш помислил дека добро би му дошло да има временска машина. Иако нам ова ни се чини невозможно, сепак од чисто теоретски аспект научниците велат дека тоа е возможно во иднината, доколку успееме да патуваме со доволно голема брзина.

18-prasanja-na-koisto-naukata-se-uste-nema-odgovor (1).jpg

Зошто најголем дел од луѓето се деснаци?

Познато е дека 9 од 10 луѓе се деснаци. Но веќе 160 години никој не може да одреди зошто мнозинството луѓе се деснаци.

18-prasanja-na-koisto-naukata-se-uste-nema-odgovor (6).jpg

Зошто се проѕеваме?

Многумина велат дека човекот како и голем дел од ’рбетните животни се проѕеваат поради недостаток од кислород во телото. Сепак, овој одговор не е официјално признат од научниците и немаме целосно објаснување.

18-prasanja-na-koisto-naukata-se-uste-nema-odgovor (17).jpg

Зошто сонуваме?

Иако ни се чини дека голем дел од соништата можеме да ги објасниме, сепак не е познато дефинитивно зошто тие постојат. Некои научници велат дека тие се одраз на нашите нереализирани желби, а други велат дека тоа се едноставни импулси во нервните завршетоци во мозокот.

18-prasanja-na-koisto-naukata-se-uste-nema-odgovor (5).jpg

Зошто човекот толку многу спие?

Уште од антиката филозофите и научниците си го поставувале ова прашање, но сè уште немаме дефинитивен одговор. Има две претпоставки: или сонот е потребен за да функционира нормално меморијата, или е потребен за да можеме да учиме нови работи.

18-prasanja-na-koisto-naukata-se-uste-nema-odgovor (15).jpg

Од што се состои универзумот?

Со оглед на тоа дека сè се состои од атоми, би требало да ни биде лесно да го одговориме ова прашање. Сепак атомот е само 5% од структурата на сите нешта, а останатите 95% се нарекуваат темна материја и сè уште не ни се познати.

18-prasanja-na-koisto-naukata-se-uste-nema-odgovor (2).jpg

Од што се состои црната дупка?

Најнеобичните делови од универзумот се истовремено и најнепознатите за нас. Теоријата на релативитет и квантната механика се немоќни кога треба да се објасни од што точно се состои црната дупка. Затоа можеме само да чекаме на следните откритија кога ќе го добиеме одговорот на ова прашање.

18-prasanja-na-koisto-naukata-se-uste-nema-odgovor (10).jpg

Од каде потекнува гравитацијата?

Ова прашање се поставува веќе долги години и е едно од прашањата на коешто научниците најмногу би сакале да го знаат одговорот. Овој одговор лежи во разликите помеѓу физиката и квантната физика.

18-prasanja-na-koisto-naukata-se-uste-nema-odgovor (3).jpg

Има ли друг живот во универзумот?

Најверојатно да. Уште сега има научници коишто забележале знаци на изумрен живот на други планети. Студиите коишто се занимаваат сега со ова прашање може да траат неколку десетици години и најверојатно ќе ни понудат многу интересни одговори.

Сепак логично е да очекуваме дека помеѓу 60 милијарди планети барем една ќе има живот на неа.

18-prasanja-na-koisto-naukata-se-uste-nema-odgovor (13).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg