Што би требало професорите да им кажуваат на студентите, но не го прават тоа?

За да воспостават дисциплина, а и да си ги задржат работните места, професорите не смеат секогаш да го кажат она што навистина го мислат.

shto-bi-trebalo-profesorite-da-im-kazhuvaat-na-studentite-no-ne-go-pravat-toa-01.jpg

И тие се „обични“ луѓе како сите нас, па понекогаш сакаат да „скршнат“ од стандардниот начин на предавање кој го налага образовниот систем. Сепак, повеќето од нив не се решаваат на тоа.

Еве што би требало професорите да им кажуваат на студентите за целиот систем подобро да функционира:

„Само мал дел од ова што ви го кажуваме ќе ви користи во иднина. Поважно е знаете да се снајдете во реални ситуации во животот, а такви насоки нема да најдете во учебниците“.

„Не си ја пропуштајте шансата да научите. Ние сме тука да ви помогнеме и да ве насочиме, па искористете го тоа максимално. Знаеме дека понекогаш ви е досадно и не ви се слуша сé што зборуваме, но верувајте дека образованието е привилегија во животот“.

„Бодовите на испит не се толку важни. Да, системот е таков и мораме да даваме тестови со бодирање, но она што е суштинско не се броевите на крај, туку какви сте вие како личности, какви ставови имате и што ќе направите со себе откако ќе завршите со студиите.

Ако ги имате сите бодови на испитите, не значи дека сте паметни и дека ќе успеете“.

shto-bi-trebalo-profesorite-da-im-kazhuvaat-na-studentite-no-ne-go-pravat-toa-02.jpg

„Не е дека возрасните и професорите знаат сé. Ние секојдневно учиме од вас, помладите, и тоа искуство е непроценливо“.

„И ние сме нервозни и под стрес на почетокот од годината, кога треба да ви дадеме тест, кога треба да предадеме некоја важна лекција и слично“.

„Колку и да не сакате некој професор, бидете љубезни со сите. Не знаете кога и за каде ќе ви затреба препорака која може да ви го промени текот на работите во кариерата“.

shto-bi-trebalo-profesorite-da-im-kazhuvaat-na-studentite-no-ne-go-pravat-toa-04.jpg

„И ние сакаме да седиме на телефон, да пишуваме пораки или да си гледаме што има ново на Фејсбук. Но, мора да се воздржиме“.

„Морате да бидете вредни и да учите ако навистина сакате да успеете понатаму. Да, не ве интересира баш секој предмет, но она што е навистина важно мора да го знаете. Посветете внимание на учењето, верувајте дека ќе ви се исплати“.

„И ние не сакаме да даваме домашни. После работа, па дури и за викенди треба да ги проверуваме. Но, домашните можат многу да ви помогнат“.

„Цел живот се учи. Немојте да мислите дека откако ќе завршите факултет – толку е. Токму тогаш следува најголемото учење. Но, сето тоа на крај вреди“.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
7 ситници за кои гостите ќе ви замерат (но нема да ви ги кажат во лице) За влакната од милениците на мебелот, за тоа што ги „криете“ од нив слатките кои...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Работи што на вработените од разни сектори им е „преку глава“ да ги слушаат, низ илустрации Некои луѓе очекуваат бесплатна фотосесија од нивниот пријател кој е професионале...
13 фото-докази дека некои луѓе немаат срам да си ја покажат некултурата „Благодариме на кој и да одлучи да се бричи во мијалникот од нашиот ресторан“,&n...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg