8 навики поради кои не напредувате финансиски


8 навики поради кои не напредувате финансиски

Постојат многу животни приказни, во минатото и денес, во кои некој „обичен“ човек се збогатил преку ноќ.

8-naviki-poradi-koi-ne-napreduvate-finansiski-01.jpg

Но, постојат и луѓе кои работат цел живот и пак немаат онолку пари колку што би сакале. Дел од причините за ова се должат на некои работи кои имаат врска со психологијата на човекот.

Во продолжение прочитајте кои 8 навики ве спречуваат да постигнете финансиски успех:

Постојано гледате како да заштедите

Луѓето кои немаат пари се опседнати со тоа како да заштедат. Подготвени се да одат во најдалечната продавница ако треба само заради тоа што таму има најевтини производи.

Сето тоа им ја троши енергијата која треба да ја насочат на образование или барање подобра работа. Затоа, попаметно е времето да го посветите на практични нешта кои би можеле да ви помогнат да се збогатите.

8-naviki-poradi-koi-ne-napreduvate-finansiski-02.jpg

Се плашите од промени

Стравот од промени е една од главните карактеристики на луѓето кои размислуваат како да се сиромашни. Не се плашете од ризикот кој го носат промените бидејќи тоа е единствениот начин да пробате нешто ново кое може да биде корисно.

Променете ја професијата, започнете ново хоби кое би можело да ви донесе приходи или инвестирајте во нешто што ќе ви користи во иднина.

8-naviki-poradi-koi-ne-napreduvate-finansiski-03.jpg

Одбирате работа со помала плата само поради тоа што е стабилна

Луѓето кои не постигнуваат финансиски успеси обично сакаат стабилна работа, иако е помалку платена. Тие се подготвени постојано да се жалат и деновите да им поминуваат правејќи нешто што го мразат, само заради тоа што работата таму е сигурна и лесна.

Немаат храброст да дадат отказ и остануваат заглавени речиси цел живот. Ако спаѓате во оваа група, морате да бидете храбри и одлучни и да преземете сé што е потребно за финансиски напредок.

8-naviki-poradi-koi-ne-napreduvate-finansiski-04.jpg

Им завидувате на другите

Ако честопати се споредувате со другите и и сакате да бидете како нив и да го живеете нивниот живот, никогаш нема да бидете успешни и богати.

Не им завидувајте на другите, туку обидете се сами да постигнете нешто.

8-naviki-poradi-koi-ne-napreduvate-finansiski-05.jpg

Не преземате иницијатива

„Вечно сиромашните“ луѓе вообичаено се пасивни и немаат волја да преземат никаква иницијатива. Секогаш им се виновни другите и не сакаат активно да се вклучат и да се обидат да променат нешто.

8-naviki-poradi-koi-ne-napreduvate-finansiski-06.jpg

Ја префрлате одговорноста на друг

Ако мислите дека ништо не зависи од вас и секогаш е виновно нешто друго – колегите, родителите, шефот, државата и слично, никогаш нема да бидете финансиски успешни.

Преземете ја одговорноста за сопствените постапки и научете да се справувате со проблемите.

8-naviki-poradi-koi-ne-napreduvate-finansiski-07.jpg

Сакате сé овде и сега!

Богатството преку ноќ не се стекнува баш преку ноќ. Потребна е напорна работа, труд и многу трпение. Никогаш нема да бидете богати ако сакате сé овде и сега и точка.

Морате да бидете пофлексибилни и да работите на плановите, секој ден.

8-naviki-poradi-koi-ne-napreduvate-finansiski-08.jpg

Имате ниска самодоверба

„Вечно сиромашните“ луѓе се гледаат себеси како безвредни, неуспешни, неубави и имаат многу ниска самодоверба. Се жалат за нивната ситуација, а сепак не преземаат ништо за да ја променат.

Можеби најважната работа за да постигнете финансиски успех е да го промените начинот на којшто се гледате себеси. Со тек на време, работите ќе тргнат.

8-naviki-poradi-koi-ne-napreduvate-finansiski-09.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 минималистички тетоважи кои неодоливо асоцираат на зима Зимата е можеби едно од подобрите годишни времиња за тетовирање, поради ладното ...
Мали навики кои ќе го променат начинот на кој другите ве гледаат Без разлика дали сте срамежлива личност и важно ви е како ве гледаат другите, ил...
8 грешки кои треба да ги избегнувате ако сакате полесно да се будите н... Ретко кој не сака наутро да поспие малку повеќе и дури и кога ќе си легнеме пора...