Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


17 правила за добро однесување, кои важат секаде низ светот

Добрите манири и културното однесување се важни без разлика каде се наоѓате – дома, на улица, во ресторан или на гости.

17-pravila-za-dobro-odnesuvanje-koi-vazhat-sekade-niz-svetot-01.jpg

И, ова важи за во сите земји низ светот – секаде треба да се однесувате како што доликува.

Никогаш не е доста од правила за однесување кои ако ги применувате, секаде ќе се покажете во најдобро светло.

Запомнете ги овие едноставни 17 правила:

Во спортски центар (теретана, базен, сауна итн.)

1. Ако гледате дека на некого му треба помош, а му го нема тренерот, не стојте настрана, дојдете и помогнете. Но, не давајте стручни совети за вежбање – за тоа постојат професионалци кои се вработени со таа цел.

2. Во базените не е прифатливо да зборувате гласно, да се прегрнувате и да разменувате нежности со партнерот – со тоа им правите непријатна ситуација на останатите или пак ги вознемирувате и го попречувате нивното вежбање.

3. Сауната не е место за разговарање, посебно ако внатре има непознати луѓе кои не се во вашиот круг на друштво.

4. Во женската соблекувална, жените не треба да носат момчиња над 4 години.

17-pravila-za-dobro-odnesuvanje-koi-vazhat-sekade-niz-svetot-02.jpg

Кога некој ќе се разболи

5. Ако некој од вашите колеги/пријатели/роднини се разболи, лимитирајте го времето на разговор. Бидете кратки и не ја исцрпувајте личноста со долг разговор. Само прашајте како е и посакајте брзо оздравување.

6. Ако одите во посета кај некого што е во соба со уште еден или двајца, и однесете нешто за јадење, културно е да го прашате и „соседот“ дали сака нешто. Во соба со повеќе пациенти, не е неопходно да нудите, освен ако некој сам не побара.

17-pravila-za-dobro-odnesuvanje-koi-vazhat-sekade-niz-svetot-03.jpg

Ако сте со дете

7. Децата не треба да гледаат цртани или да играат игри без слушалки кога има други луѓе во околината.

8. На плажа или на базен, детето на било која возраст треба да носи долен дел костим за капење. Никому не е потребно сончање на тие делови, а плус, непристојно е да бидат голи без разлика што се мали.

17-pravila-za-dobro-odnesuvanje-koi-vazhat-sekade-niz-svetot-04.jpg

Кога се работи за позајмување

9. Нема ништо лошо во тоа да се позајмат пари, доколку веднаш се разјасни периодот во кој ќе ги вратите.

10. Ако периодот на враќање пари не е определен однапред и сумата не е многу голема, обично се подразбира да се врати во рок од 1 месец, односно до следното земање плата.

11. Културно е парите од долгот да се вратат во банкноти, а не во ситни парички. Парите се даваат без плик.

17-pravila-za-dobro-odnesuvanje-koi-vazhat-sekade-niz-svetot-05.jpg

Дополнителни правила за добро однесување

12. Ако некој сака да ве почести ручек, одберете скромна порција. Но, ако личноста која сака да ве почести ви понуди да нарачате некоја конкретна побогата порција, не одбивајте, ако го сакате тоа.

13. Ако некој ви даде да видите некоја фотографија во неговиот телефон, не продолжувајте да ги разгледувате и другите слики во галеријата.

14. Никогаш не одете на гости со празни раце. Дури и ако домаќинот каже дека ништо не е потребно, сепак купете нешто симболично.

15. Ако во јавен тоалет има повеќе кабини, не разговарајте со оние во соседните кабини – тоа не е воопшто културно и е срамно.

16. Избегнувајте кога сте на јавни места, на маса со други луѓе или на улица, да си ја чешлате косата, да го напудрувате лицето, да ги чистите ноктите или да ја местите облеката – изгледа лошо од страна и невкусно.

17. Во разговор со трет човек, не е културно да го нарекувате сопругот или сопругата „маж ми/жена ми“, барем кога се работи за официјални настани. Најправилно е да го/ја наречете по име.

17-pravila-za-dobro-odnesuvanje-koi-vazhat-sekade-niz-svetot-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 важни животни лекции кои (за жал) ги учиме предоцна Понекогаш луѓето што ви биле најважни во животот преку ноќ може да ви станат стр...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
8 правила за бон-тон однесување на плажа, кои културните луѓе ги знаат и во сон Не ги преместувајте лежалките од бич барот кадешто престојувате на начин кој вам...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
7 ситници за кои гостите ќе ви замерат (но нема да ви ги кажат во лице) За влакната од милениците на мебелот, за тоа што ги „криете“ од нив слатките кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg