11 начини да „преживеете“ тежок ден кога сте ненаспани


11 начини да „преживеете“ тежок ден кога сте ненаспани

На сите ни е јасно дека доколку не сакаме да бидеме уморни и едвај да го издржиме денот со сите обврски, најдобро е да се наспиеме колку што му е на телото доволно.

11-nachini-da-prezhiveete-tezhok-den-koga-ste-nenaspani-01.jpg

Но, исто така и сите сме свесни за тоа, дека понекогаш не е возможно да бидеме доволно наспани и многу често се случува ненаспани да го почнеме денот.

Дали детето плачело цела ноќ, или сте славеле некој голем успех – причината не е важна, важно е дека некако треба да го издржите работниот ден.

Сигурно досега сте слушнале многу совети кои ќе ги прочитате и овде, но никогаш навистина не сте се обиделе да ги остварите.

Верувајте, кога би направиле барем половина од овие работи, со сигурност денот ќе ви биде полесен и ќе имате повеќе енергија додека да се вратите дома.

Правете вежби

Ова не значи дека ви е потребен цел утрински тренинг, доволно се 3-5 едноставни и брзи вежби за да „живнете“.

11-nachini-da-prezhiveete-tezhok-den-koga-ste-nenaspani-02.gif

Туширање со ладна вода

Стар добро познат и ефективен трик за најхрабрите.

11-nachini-da-prezhiveete-tezhok-den-koga-ste-nenaspani-03.jpg

Излезете надвор

Посебно доколку е надвор ладно, а дома греењето ви е силно, ќе ви годи доколку кратко прошетате на воздух или пак, излезете на тераса. Студот со сигурност ќе ве расони повеќе од топлото.

11-nachini-da-prezhiveete-tezhok-den-koga-ste-nenaspani-04.jpg

Направете план за денот

Со запишување на сите работи кои треба да ги правите во текот на денот, го „размрдувате“ мозокот и почнувате да се концентрирате на задачите.

11-nachini-da-prezhiveete-tezhok-den-koga-ste-nenaspani-05.jpg

Ограничете ја количината на вештачки засладувач

Високо ниво на шеќер во крвта може да го зголеми чувството на мрзливост. Овошјето е секогаш подобра алтернатива.

11-nachini-da-prezhiveete-tezhok-den-koga-ste-nenaspani-06.jpg

Сладолед за појадок

Секако, во овие ладни денови ретко кој би го правел тоа, но чувајте го овој трик за понатаму. Доволни се неколку лажички ладен сладолед кој ќе ви помогне да се расоните, а делува слично како со ладниот воздух.

И се разбира, ова не значи дека треба да изедете цела канта сладолед. 

11-nachini-da-prezhiveete-tezhok-den-koga-ste-nenaspani-07.jpg

Уште 5 совети на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Има надеж: 5 начини да го поправите лошиот прв впечаток Првиот впечаток е важен, а во некои ситуации во животот може да биде и пресуден....
10 начини како може да ги употребите празните кутии од чевли (фото) Сите имаме празни кутии од чевли кои најчесто завршуваат во ѓубрето. Зошто не би...
Постои љубов на прв поглед + 5 други митови за љубовта во кои упорно в... Живееме во 21 век, но многумина од нас веруваат во истите љубовни митови кои бил...