25 начини како да бидеш подобар маж прво за себе, па потоа за другите

Секогаш може да се направи нешто подобро. Но, вистината е - колку и да се подобруваш и напредуваш, совршенството никогаш не е возможно. И тоа е во ред.

25-nacini-kako-da-bides-podobar-maz-prvo-za-sebe-pa-potoa-za-drugite-01.jpg

Нема потреба да се трудите да бидете „совршениот маж“ кој сите жени го опишуваат.

Важно е да се потрудите да бидете доволно добри прво за себе, па потоа за сите други блиски луѓе.

Листа на 25 работи кои може да ги направите за да бидете подобар и посреќен маж и човек:

1. Штом се разбудите, вежбајте, заради добро здравје пред сè.

2. Облекувајте се како да треба да ја импресионирате најзгодната жена на светов. Без исклучок. И стилот не значи скапа облека, запаметете го тоа.

3. Секогаш бидете средени и негувани. Не мора да имате најнов модел на капут, но брадата и кожата секогаш треба да се негувани и чисти.

4. Намалете со кофеинот. За неколку години ќе бидете благодарни. Плус, има многу повеќе начини како да останете полни со енергија.

5. Бидете информирани и во тек со настаните.

6. Читајте. Од исклучителна важност е тоа да бидат квалитетни содржини.

25-nacini-kako-da-bides-podobar-maz-prvo-za-sebe-pa-potoa-za-drugite-02.jpg

7. Помалку гледајте порно, имајте повеќе секс.

8. Дајте си време за да го одморите мозокот. Пешачете сами. Медитирајте. Спортувајте било што што ве релаксира.

9. Не ги третирајте жените како објекти. Стекнете поголема почит.

10. Планирајте ја иднината. Нема ништо понепривлечно од маж кој не знае што сака и каде се гледа за неколку години.

11. Поканете ја жената која ви се допаѓа на состанок. Исправете се и направете го тоа достоинствено.

12. Кога каните некого на состанок, правете го тоа со стил. Не иницирајте „состаноци“ на темни места и во автомобил. Одберете пристојно и елегантно место.

13. Не ја прескокнувајте предиграта. Никого не импресионирате ако брзате.

14. Давајте повеќе отколку што очекувате за возврат. И во сексуална и во општа конотација.

15. Престанете да практикувате досаден секс. Смислете авантура која ве возбудува.

16. Не трошете повеќе пари отколку што имате. Минусот не е воопшто секси.

17. Не ја полнете главата со информации кои реално не ви се потребни.

18. Одржувајте ја средината во која живеете чиста. Хигиената и организираноста се половина здравје.

19. Дајте отказ од работата која ја мразите. Односно, откажете се од било што што не ве прави среќни.

25-nacini-kako-da-bides-podobar-maz-prvo-za-sebe-pa-potoa-za-drugite-03.jpg

20. Ако сметате дека е време, купете прстен. Не се плашете од обврски. Детинесто е.

21. Не се плашете да научите нешто ново, со тоа што ќе излезете од комфорната зона.

22. Започнете бизнис. Барем еднаш во животот обидете се да направите нешто свое.

23. Заштедете некој денар плус. Не знаете кога ќе ви се укаже паметна шанса да ги потрошите.

24. Повеќе патувајте. Живееме во огромен неистражен свет. Зошто само да читате книги, списанија или да гледате ТВ емисии за далечните дестинации?

25. Бидете благодарни. Напорната работа се исплати, но круцијално е да не заборавате да бидете благодарни за она што досега го имате стекнато.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во Антички Египет носењето кармин значело дека барате орален секс и уште 5 чудни секс трендови од ис... Во раскошниот двор во Версај, под владеењето на Луј XV, се појавил необичен трен...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
Фотки кои ќе ви ја вратат вербата во човештвото (и ќе ве расположат) Принцезата Дијана се ракува со маж болен од СИДА, Марлон Брандо го одбива Оскаро...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg