Жени воини од античкиот свет кои треба да ги знаете

Историчарите од античкиот свет забележале приказни за импресивните женски воени команданти од многу култури. Древните верувале, како што тврдел Хомер, дека „војната е машка работа“. Во очите на (машките) современи историчари, женските воини биле аберации, а често се памтеле како отелотворување на митските Амазонки. 

Zeni voini od аntickiot svet koi treba da gi znaete 01

Овие легендарни воини обично биле претставени како жени кои се однесувале неприродно. Сепак, приказните за жените воини, како онаа за Ахил и амазонската кралица Пентесилеа, ги фасцинираа античките хроничари.

Ова се неколку жени воини од античкиот свет кои треба да ги знаете:

Воинственото семејство на Клеопатра

Во хеленистичкиот период, кој вообичаено се смета за период помеѓу смртта на Александар Македонски и освојувањето на Египет од страна на Рим, се појавуваат моќни жени во бројните царства низ Источниот Медитеран. Овие извонредни и влијателни кралици имале лични армии и не се двоумеле дали да одат во војна.

Тие биле мајки, ќерки и сестри на кралевите и генералите кои го наследиле Александар Македонски. Чудесната Клеопатра VII, најпозната по нејзината врска со Цезар и брак со Марко Антониј, била последната од долгата линија на импресивни египетски кралици кои биле во воинствени.

Улогата на борбената кралица веќе била воспоставена од нејзините имењачки, меѓу кои биле Клеопатра Теа и Клеопатра IV.

Клеопатра Теа била кралица на три хеленистички кралеви, додека Клеопатра IV, кога се развела од еден маж, земала лична војска со неа како мираз.

Zeni voini od аntickiot svet koi treba da gi znaete 02

Зенобија, воинствената кралица на Палмира

Векови подоцна, Зенобија, кралицата на Палмира, го искористи периодот на пресврти на Блискиот Исток кон крајот на третиот век од н.е. за да изгради царство за себе и за нејзиниот град.

Според грчкиот историчар Зосимус, Зенобија лично им заповедала на своите војници во битките. Идејата дека една жена може да има толкава моќ била скандалозна во тоа време. Сепак, таа стана легенда во класичните и раните исламски истории.

Zeni-voini-od-аntickiot-svet-koi-treba-da-gi-znaete-03.jpg

Будика, најголемата кралица на Велика Британија

Најпознатата икона на женскиот воини од антиката е кралицата Будика. Древните писатели зборуваат за нејзиното тероризирање на римските окупатори со нејзиниот висок раст и бестрашни очи. Будика римските мажи ја доживувале како жена која била „пратена од пеколот“ за да им се одмазди.

Тацит тврдел дека келтските жени на Британските острови и Ирска често се бореле заедно со своите мажи, особено кога единствената друга опција била ропство или смрт.

Zeni voini od аntickiot svet koi treba da gi znaete 04

Scathach, таинствената кралица од островот Скај

Нејзиното име на келтскиот јазик значи „таинствената“, и со добра причина: Scathach била жена воин со која никој не сакал да има работа. Според ирските легенди, таа ги обучувала војниците и хероите во нејзиното тајно училиште, толку тајно што, всушност, требало прво да го пронајдете.

Нејзината тврдина била на островот Скај, северозападно од Шкотска, а за да дојдат до неа, луѓето морале да го преминат опасното Ирско Море. Но достигнувањето до тврдината било само почетокот.

Непробоениот замок на Scathach го чувала нејзината страшна ќерка, Uatach.

Режимот за обука бил толку тежок и смртоносен, како и патувањето кон нејзиниот остров. Учесниците се бореле под вода и користеле специјално оружје наречено „gáe bolg“, кое било бодликав харпун.

Еден од најпознатите ученици на Scathach бил Cu Chulainn, воинот кој стана централната фигура во приказните за потеклото на Ирска.

Zeni voini od аntickiot svet koi treba da gi znaete 05

Артемисија I од Карија

Артемисија била лукава и храбра жена која владеела како кралица на регионот Карија. Нејзиното име потекнува од божицата Артемида, а се вели дека воинствената кралица била една од најхрабрите жени во тоа време.

Најпозната е по својата улога во битката кај Саламис, кога била заробена од смртоносната грчка и персиска флота на бродови. Таа го удрила нејзиниот брод во еден од нејзините сојузнички бродови за да ги збуни непријателите, и успеа.

Персијанците и Грците погрешно мислеле дека бродот на Артемисиа е на нивна страна, поради што успеа да избега.

По битката кај Саламис, името на Артемисија I од Карија исчезнува од историските записи, што додаде уште еден слој на мистерија околу оваа воинствена жена.

Zeni voini od аntickiot svet koi treba da gi znaete 06

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства Овие жени не биле само убијци, тие сееле зло и ширеле страв и ужас каде и да оде...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg