Колку пријатели имате?

kolku-prijateli-imate-povekjeДали некогаш ви се случило да отидете на некоја забава кај пријателка, нешто што би требало да биде само за блиски пријатели и на таа забава да има...



...педесетина луѓе? Можеби случајно сте ја виделе листата на поканети гости...и замислете на неа стотина познаници, многу имиња.

kolku-prijateli-imate

Потоа, вие размислувате и доаѓате до заклучок дека нема ни теоретски шанси доколку вие правите забава на неа да има толку пријатели, па дури и да ги повикате роднините со кои 100 години не сте се ни чуле ни виделе. Во моментот си поставувате многу прашања.

Дали сте толку лоша личност па имате толку малку пријатели? Дали е толку тешко некој вас да ве сака, дали сте напорни? Во суштина се се сведува на една работа: „А зошто кај мене на забава не доаѓаат 50 луѓе?“ Навистина зошто?

Можеби не сте баш дружељубиви, имате само неколку блиски пријатели (можеби само двајца-тројца) со кои редовно се гледате. Дали тоа значи дека сте лоша или пак непријатна личност? Не, воопшто. Тоа значи само дека се дружите со мал број луѓе, а тоа само по себе воопшто не мора да биде лошо.

Кога ќе се запрашате: „Зошто кај мене на забава не доаѓаат 50 луѓе и тоа на забава само за најблиските?“, запрашајте се дали вие навистина го посакувате тоа...да контактирате со 50 луѓе (за да ви бидат и останат најблиски). Дали тоа за вас не би било пренапорно?

Да не се разбереме погрешно, тоа што вашата пријателка/пријател има 50 најблиски пријатели е сосема возможно и добро, ако нему му преставува задоволство.

Сепак, тоа не мора да биде правило и за вас. Можеби вие сте одбрале друг начин на живот.

Така што, одговорот на прашањето: „Зошто немам 50 блиски личности кои што можам да ги повикам на забава?“ е затоа што не сакате интензивно да се дружите со 50 пријатели, туку само со 5, тоа е она што ви е убаво, во тоа уживате и сосема е во ред.

Би можело да ве интересира:

Чанти, патики, џојстик – Како да препознаете евтини копии од оригинали? Како да препознаете оригинал патики од копии? На што треба да внимавате кога куп...
Фотографии кои ќе ве натераат да кажете „Ах, ова е Италија“ Тераса во облик на чаша вино, па каде ако не во Италија? Ренесансни скулптури им...
Како да препознаете оригинален Victoria’s Secret спреј за тело и уште 5 други производи? Дали знаете како да препознаете дали парфемот што го купувате е оригинален или д...
Како да го одберете идеалниот датум за венчавка, со помош на нумерологија? Уште одамна се верува дека датумите носат суштински енергии кои влијаат на живот...
8 знаци дека сте силна личност (дури и кога не верувате во тоа) Силната личност гледа на промените како можност за раст, за нов чекор ...
Хит реакција на мало девојче кое за првпат го гледа татко си без брада – „Кој е овој човек?“ Татковците и ќерките имаат посебна конекција, а реакцијата на ова девојче кое за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg