Митови за каубоите во кои веруваме поради холивудските вестерн филмови

Не биле обожавани од сите

Каубоите не биле херои што ги сакаат сите како што ги претставува Холивуд.

Со текот на времето, тие си добиле по малку лоша репутација како луѓе кои не ги почитуваат законите.

Истовремено, многумина сметале дека оние кои одгледуваат крави имаат низок статус во општеството.

mitovi-za-kauboite-vo-koi-veruvame-poradi-holivudskite-vestern-filmovi-06.JPG

Воопшто не било забавно да се биде каубој

Веќе спомнавме дека работата на каубоите била многу тешка и далеку од интересна и возбудлива. Нивниот живот не бил исполнет со авантури, туку со тешка физичка работа за која обично заработувале многу мала сума пари.

Неретко тие пренесувале цели стада крави од едно до друго место за да ги продаваат. Овие патувања траеле со недели, а каубоите поголемиот дел од времето го минувале на коњ.

mitovi-za-kauboite-vo-koi-veruvame-poradi-holivudskite-vestern-filmovi-08.JPG

„Ерата на каубоите“ била многу кратка

Ерата на каубоите во Дивиот Запад траела релативно кратко – од 1865 до околу 1890 година.

По завршувањето на Американската граѓанска војна во 1865 година, се зголемила побарувачката за говедско месо, а со тоа и потребата за одгледување крави.

Ранчовите биле честа појава и во втората половина на 1800-тите и доселениците имале дозвола да ги градат на земјишта во сопственост на државата.

Но, пред 1890-тите, поголемиот дел од земјиштето се приватизирало, најмногу поради конфликти за сопственост на тоа земјиште.

Овој период биле измислени и оградите од жица, со кои каубоите си го обележувале земјиштето. Но, со тоа го отежнале собирањето храна за добитокот во зима и, на некој начин, тие се причина за почетокот на пропаста на каубојската ера.

Ситуацијата кулминирала во зимата 1886-1887, кога температурите се спуштиле под нулата во некои делови од Западот и биле причина за смртта на огромен број добиток.

По кобната зима, каубоите продолжиле да продаваат добиток низ државата до кај средината на 20-тиот век, но во многу помал број. Повеќето од нив се откажале и почнале да работат на приватизирани ранчови на Западот.

mitovi-za-kauboite-vo-koi-veruvame-poradi-holivudskite-vestern-filmovi-05.JPG

Не биле (стилски) облечени како во филмовите

Најчесто каубоите носеле широки памучни кошули и волнени панталони, во комбинација со елек со џебови. За постудените денови носеле волнени јакни.

Иако сите сме слушнале и сме ја виделе каубојска шапка во филмовите, овие шапки не постоеле во ерата на каубоите. Нив им било најважно шапката е да широка за да ги штити од Сонце, а воопшто не обрнувале внимание на тоа како изгледа.

Чизмите биле можеби најважниот дел од нивните „модни комбинации“ и неретко штеделе со месеци за да можат да си направат квалитетен пар. Доста често каубоите носеле и бандана.

mitovi-za-kauboite-vo-koi-veruvame-poradi-holivudskite-vestern-filmovi-04.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg