Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот

Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсични луѓе е најдобро да ги избегнувате? 

niz-ilustracii-8-vidovi-toksichni-lugje-koi-ne-vi-trebaat-vo-zhivotot-01.jpg

Сите ние имаме лоши карактеристики, и тоа е сосема нормално. Она што е важно е да бидеме свесни за овие карактеристики и да работиме за нив.

Сепак, некои луѓе или не сакаат, или навистина не се свесни дека прават нешто погрешно.

Па, поради ова, можат да бидат мошне токсично друштво кое има негативно влијание врз сите околу нив.

Видови токсични луѓе кои е најдобро да ги избегнувате:

Луѓе кои постојано се жалат

Кога ќе размислите, животот на овие луѓе изгледа како низа неуспеси и несреќи.

Кога и да ги видите, тие се згрижени за нешто, разочарани од некого и, генерално, не зборуваат ништо друго освен што се жалат.

Тие се огромни песимисти, а нивниот негативен поглед кон животот и светот дефинитивно има влијание врз нивните блиски.

Всушност, постои и збор за ваквите луѓе – ги нарекуваат енергетски вампири бидејќи буквално ви ја крадат позитивната енергија со постојаното жалење.

Ова се луѓе кои не сакаат да им помогнете, туку само сакаат да се жалат.

niz-ilustracii-8-vidovi-toksichni-lugje-koi-ne-vi-trebaat-vo-zhivotot-02_copy.jpg

Луѓе кои завидуваат

Нормално е некогаш да почувствувате љубомора или завист, но кај некои луѓе оваа карактеристика е токсична.

Овие луѓе се убедени дека на сите им оди подобро во животот и способни се да им завидуваат дури и на најблиските пријатели и членови на семејството.

Никогаш не знаат да се израдуваат за туѓиот успех и наместо да им честитаат на саканите и да ги поддржат, тие ќе најдат начин да ги критикуваат.

Сето ова произлегува од нивното незадоволство кон животот.

niz-ilustracii-8-vidovi-toksichni-lugje-koi-ne-vi-trebaat-vo-zhivotot-03.jpg

Луѓе кои постојано бараат услуги

Нормално е најблиските пријатели и членовите од семејството некогаш да ви побараат услуга.

Но, постојат и луѓе кои бесрамно ја злоупотребуваат добрината на другите.

Без разлика дали треба да им го позајмите автомобилот, да им позајмите пари, да им го почувате кучето или нешто сосема друго, се чини дека секојпат кога ќе ви се јават, тие бараат нова услуга од вас.

Некогаш овие луѓе не се свесни дека го прават ова, но некогаш користат суптилна манипулација и прават да се чувствувате виновно ако одбиете да им помогнете.

niz-ilustracii-8-vidovi-toksichni-lugje-koi-ne-vi-trebaat-vo-zhivotot-04.jpg

Луѓе кои постојано им судат на другите

На сите ни се случило да осудиме некој за изгледот, за нешто што кажал и слично, дури и кога немало причина за тоа.

Но, овие луѓе наоѓаат замерки за секоја ситница.

Според нив, сè што прават другите е погрешно и само тие знаат најдобро.

Секогаш им делат „совети“ на луѓето околу нив и успеваат да ги критикуваат и за најневажните работи.

niz-ilustracii-8-vidovi-toksichni-lugje-koi-ne-vi-trebaat-vo-zhivotot-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg