„Бисери“ од светот

biseri-od-svetot-povekjeНа сите ни се случувало да „треснеме нешто“ и да останеме живи. Некогаш навистина ќе се избламираме и посакуваме да се отвори...


...земјата и да нè голтне (или било што да се случи само да не снема од местото).

Понекогаш и не кажуваме баш толкав „бисер“, но доволно за потоа да ве утепаат од зафркавање во друштвото.

Секако тоа не ни се случува само нам, им се случува и на нашите пријатели, на оние што можеби би ги нарекле пријатели, а и на непознати.

За оваа прилика ви посочуваме неколку „бисери“ од светот:

  • Не би сакала да живеам вечно, затоа што не би смееле да живееме вечно, затоа што ако треба да живееме вечно, ние би живееле вечно, но не можеме да живееме вечно и затоа јас не би сакала да живеам вечно“, изјавила мис на Алабама на натпреварот за мс на Америка. Добро, секој од нас би бил нервозен на таков натпревар...
  • Пушењето убива. Ако ве убие, губите битен дел од својот живот“, рекла познатата американска глумица Брук Шилдс, обидувајќи се да докаже како баш таа би била идеална за кампања против пушењето.

Ајде сега малку за машките „бисери“:

  • Истражувањата покажале дека чоколадото во мозокот произведува реакции слични на оние што ги дава марихуаната. Истражувачите исто така докажаа уште некои сличности, но јас во моментов не можам да се сетам на нив“, изјавил еден новинар во емисија на NBC Today Show.

Еве малку „црн хумор“:

  • Ако ги исклучиме убиствата, Вашингтон има најниска стапка на криминал во земјата“, рекол градоначалникот на Вашингтон.

За крај класика:

  • Ќе ја свртиме оваа екипа за 360 степени“, ветил еден тренер на интернационален фудбалски тим.

Ви се случиле ли и вам вакви бисери? Слободно споделете ги со нас, да се насмееме заедно! Smile

Би можело да ве интересира:

Исчезнале, па им ги нашле коските и вознемирувачки фотографии на апаратот: Мистериозната смрт на две... Крис и Лисен од Холандија исчезнале кога отишле на популарна планинарска патека ...
100-те најчитани статии на CRNOBELO во 2023 Интервјуа, животни битки на наши сограѓани, запросувања и свадби, совети, новост...
Ги извлекле минути пред да го истрошат кислородот, по 80 часа во подморница: Детали за неверојатното... Роџер Малисон и Роџер Чапман поминале 80 часа заробени во подморница откако се с...
7 (психолошки) знаци дека сте биле емоционално запоставувани како дете Се плашите да зависите од другите луѓе, не сакате да зборувате за сопствените ем...
Предвидувања на баба Ванѓа за 2024-та: Економска криза, но и лек за рак Иако пророштвата на баба Ванѓа треба да се читаат со доза скептицизам, најмногу ...
Разликата помеѓу спиналната и епидуралната анестезија: Како се нанесуваат и кои се можните компликац... За да бидете подготвени за сите можни опции за време на породувањето, добро е на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg