Престанете да броите овци

7-nacini-da-prestanete-da-broite-ovci-povekjeНаправивте сè што можете и умеете – навечер не пиете кафе, спалната ви е затемнета, не гледате хорори и не правите попис на утрешните обврски.


Па зошто и понатаму се превртувате и будите?

Некои навики за кои никогаш не би се сетиле, го саботираат здравиот сон. Што да направите?

1. Попладневни навики. Кафе и чај пред спиење не се добри за сонот. Но, внимавајте што пиете и во попладневните часови. Прескокнете го кафето и после ручекот. Напијте се свежо цеден сок.

2. Внимавајте што вечерате. Тешки оброци не се за пред спиење. Ако сте имале неколку ноќи немирен сон, за вечера јадете интегрални тестенини со свеж зеленчук и пармезан. Ова е комбинација од триптофан, аминокиселина која создава серотонин – хормон на среќата и помага за спиење. Млеко со крекери или јогурт со житарки е исто така добра комбинација.

3. Напијте се вино претходно. Нека биде тоа најдоцна во 6 часот попладне, а не во 23.

7-nacini-da-prestanete-da-broite-ovci

4. Капење. Топлата купка не се прави точно пред спиење. Сè она што ја зголемува телесната температура, го отежнува спиењето, затоа што на телото му е потребно одредено време за да се олади до посакуваната температура.

5. Растегнување. Умерени вежби можат да помогнат за опуштање и намалена напнатост на мускулите. 10 минути лесни вежби неколку часа пред спиење се одлични за подобар и полесен сон.

6. Пригушени светла. Направете си совршена атмосфера уште пред да заминете во кревет. Подгответе го телото дека е време за спиење.

7. Мобилните телефони се забранети. Никако вибрации, изгасете го телефонот. Инвестирајте во старомоден будилник и подгответе се за будење без snooze.

Би можело да ве интересира:

Нов тренд на Инстаграм: Романтична фотосесија на зајдисонце на Санторини со летечки фустани Романтичен поглед на Санторини, раскошен фустан кој лебди над белите куќички со ...
Женските маки низ 10 забавни илустрации Како се чувствуваме во оние денови, кога маки мачиме со циклусот? Како изгледа к...
Пар добил ќерка со ин витро од туѓ ембрион поради лекарска грешка: „Моравме да ја дадеме на биолошки... Пар од САД добил ќерка со ин витро оплодување, но девојчето воопшто не личело на...
Во Македонија сакаме кајгана, а каков појадок со јајца се приготвува низ различни земји од светот? Појадокот често се смета за најважен оброк во денот, а јајцата сe eдна од главни...
Излегувањето од дома е хорор и уште 9 маки во лето, низ забавни гифови Времето во лето е навистина идеално доколку се наоѓате покрај некоја плажа или и...
Помалку познати, но значајни жени, чии откритија го сменија светот Знаете ли дека првиот компајлер го напишала жена? Благодарение на Американката Г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg