Кока Кола - жив билборд

koka-kola-ziv-bilbord-povekjeКока Кола и Светската федерација за заштита на природата, минатата недела во главниот град на Филипини го претставија првиот жив билборд.


Зелените „точки“ распоредени околу шише од популарниот безалкохолен пијалак се направени од илјада стебла чај Фукиен, и распоредени на целата површина на овој необичен билборд, чии димензии се 20x20 метри.

Фукиен чајот потекнува од истоимената провинција во Јужна Кина и претставува една од најчесто користените билки за изработка на аранжмани со бонсаи.

Според соопштението секоја билка од употребените за изработка на билбордот, годишно може да апсорбира 5,9 килограми јаглен диоксид, односно целиот билборд за една година апсорбира 21.200 килограми јаглерод диоксид.

Освен основата која е изработена од билки, и останатите материјали употребени за негова изработка ги задоволуваат барањата на организацијата за заштита на животната средина.

Саксиите во кои се поставени билките се изработени од рециклирани шишиња кока кола наполнети со мешавина од индустриски биопроизводи и органско ѓубриво. Билките се поливаат со посебен систем на принципот капка по капка.

koka-kola-ziv-bilbord-1

koka-kola-ziv-bilbord-2

Би можело да ве интересира:

9 ситници од Али Експрес кои може одлично да ви се најдат кога одите на патување Ливчиња сапун во пластично пакување, специјални гаќички кои не пропуштаат при ме...
Фрлаат бебиња од кров, жените ги венчаваат со бикови: Морничави индиски ритуали кои го згрозуваат св... Женските деца се сметаат за товар, па често и се убиваат додека се бебиња, се ск...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Морничавата приказна за вистинскиот Ханибал Лектор: Затворен е во подземна стаклена ќелија, изолиран... Британецот Роберт Модсли е затворен во самица над 40 години, по неколкуте свиреп...
Секојдневието на работниците ширум светот, низ волшебни фотки Рибари во Шри Ланка, работници во рудник за варовник во Египет, занаетчија од Ту...
Готвење vs. достава, чистење vs. ангажирање хигиеничарка: Колку животот денес е поинаков од порано, ... Храната ни ја носат дома, за викендите сакаме да се одмориме наместо да чистиме,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg