Цената на една насмевка

Дали среќата може да се купи? Да се добие? Дали си ја создаваш сам? Или пак другите ти ја даваат? Овие прашања ми се вртат во главата уште од моето детство.

cenata-na-edna-nasmevka-01.jpg

Дали љубовта е таа што нè прави среќни? Или нашиот ум кој постојано мисли на убави работи? А, што е со насмевките? Тие го прават животот поубав. Но, колку ли чини една насмевка?

Возејќи накај факултет го добив одговорот.

Тоа утро станав мрзелива и без никаква желба за работа. Но, позитивните мисли кои што ми го опкружуваа умот ми дадоа сила да станам и да се подготвам. Сè уште не бев влезена во автомобилот, а доцнев.

Вртев по уличките како „мува без глава“ што побрзо за да излезам на булеварот каде што можев да ја зголемам брзината.

Вниманието ми го привлече едно девојче кое плачејќи, бавно се движеше по тротоарот. Од нејзината уста можев да забележам дека си зборуваше и некој довикуваше. Во истиот момент, без некое посебно објаснување, застанав. Излегов од автомобилот и пополека и се доближив.

- „Ќе може ли убавото девојче да ми каже зошто плаче?“ - реков со смирен глас.

Недоверливо, со намуртен израз на лицето се повлече настрана, не воочувајќи дека сакам само да помогнам. Не сакав да ја притискам и затоа некое време не реков ништо, само благо и се насмевнав.

- „Го изгубив моето мече“ - рече тивко.

- „Зошто се грижиш? Ќе го најдеме“ - ја убедував

- „Се сеќаваш ли каде последен пат го носеше со тебе?“

Ми ја раскажа целата приказна до последен детаљ веројатно поради самото значење на мечето кон неа, за подоцна да одиме и заедно да го најдеме драгоценото другарче.

Местото беше песокливо, некаде израснато со трева, а на средината безгрижни деца кои си играат. Со еден збор тоа личеше на игранка.

Бев свесна дека веќе многу сум задоцнета на факултет, но веќе не беше важно. Приоритет ми беше да ја вратам насмевката на лицето на малечката.

Баравме можеби половина час без успех.

Немаше никаков траг од мечето. Но, таква сум јас, никогаш не се откажувам, секогаш силна и упорна, затоа продолжив со потрагата.

Барајќи помеѓу обраснатото зеленило како да видов уше кое што многу потсетуваше на описот на мечето. Се протнав меѓу тревата и го извлеков. Да, навистина беше тоа.

Душата ми се исполни со задоволство и среќа.

И тогаш кога девојчето го здогледа нејзиното другарче ја сфатив цената на една насмевка.

Треба да дадеш љубов, внимание, радост, трпеливост, упорност.

Да, се чини малку за возраст, но верувајте тоа е и доволно ако не ги броиме и силните бакнежи прегратки на влажниот песок. 

Автор: Задоцнетата

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg