Од прости луѓе, доста ми е!

Има денови кога ентузијазмот ќе ми се вивне високо до облаците, да имам желба да го освојам светот и да ги срушам сите пречки од патот. Има денови кога се будам наутро, позитивно расположена. Кафе со шеќер, топла постела и топол дом. Се впуштам во фантазии и целиот ден е убав.

od-prosti-luge-dosta-mi-e-01.jpg

Има и денови, кога ќе се разбудам, веднаш влегувам во суровата реалност, која надвор со нетрпение ме чека. Ме чека, да се среќавам со луѓето на кои свеста им е сведена до нула. Луѓе без желба за живот, луѓе без љубов во себе.

Денови кои придонесуваат да посакам да бидам помала и од мравка.

Деновите кои ги поминувам надвор од мојот дом, мојата територија. Е тие денови со луѓето надвор ми се ужас.

Ќе говорам гласно и искрена сум, извинете ме!

За човечност не ни можам да ви пишувам, одамна не сум видела. За луѓе без душа ќе ви пишувам и за луѓе без морал. За луѓе со многу лица, со продадени души. Со вас се губи и смислата за хумор, се губи мечтата. Фантазиите се губат со вас! Со вас се губи природата, ја нема. Светлината ја нема.

Доста ми е од вашите прекрасни манири, од зборови без срце, доста  ми е! Од вашите лица и лаги доста ми е! Доста ми е од вас, прости сте, навистина доста! Вашите комплименти и критики не сакам да ги слушам, доста ми е, бедни сте!

Со луѓе како вас, секоја просторија ми е тешка, воздухот не ми е чист. Енергијата што ја ширите, на никому насмевка нема да нанесе. На никому среќа нема да донесе.

Освестете се! Освестете се луѓе додека не биде доцна. Создадете си свој живот, влезете во него и живејте како сакате. Не морате да ги коментирате комшиите, другарите, пријателите, колегите. Не морате да знаете каков живот имаат тие, во што се заплеткани, што јадат и што пијат. Едноставно не морате да знаете каков живот тие живеат!

Освестете се луѓе, од вас преку глава ми е!

Автор: Јована Шалевска

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg