Немам работа, немам пари, но ти благодарам Господе што сум жива!

Постојано велете си: „Јас сум капетан на својата душа и господар на својата судбина“.

nemam-rabota-nemam-pari-no-ti-blagodaram-gosode-shto-sum-ziva-01.jpg

Запомнете, и најдолгиот ден има крај, и секоја радост и тага…

Запомнете денес сме овде утре не знаеме што ќе ни донесе денот.

Се будам... Господе, благодарам што сум жива, благодарам што сум овде уште еден ден, нека денов биде убав, нека бидам среќна, нека бидат добро сите мои блиски кои живот ми значат.

Благодарност драги мои наспроти себичност!

Велам, ќе преживеам, немам работа, немам пари, немам сопствен дом ама велам благодарам Господе имам прекрасен сопруг. Благодарност место алчност драги мои, радувајте се на она што го имате во моментов, не бидете алчни за нешто што не му дошло времето и нешто што не ви припаѓа вам во моментов.

Минувам низ улица, во автобус, во продавница, во дворот на соседите слушам само ЈАС, јас само можам да успеам, јас морам по секоја цена да бидам подобар од соседите, од роднините, од пријателите, од браќата и сестрите од сите само ЈАС..

Слушам, гледам самољубие драги мои. А јас се будам отворам очи и велам Господе нека се среќни моите блиски, па да сум и јас.

Кратка дијагноза одговор на она што ве мачи на она прашање кое си го поставувате секој ден, а тоа е зошто сте несреќни?

Затоа што на животот не му се пристапува со алчност, неблагодарност и самољубие, затоа што во животот не можеш да најдеш мир и задоволство со таков пристап, затоа што какви ти се мислите таков ти е животот.

Променете го вашиот пристап и гледиште, радувајте се на секој нов ден и не заборавајте - вие самите сте капетани на својата душа и господари на својата судбина.

Автор: Ирена Трајковски

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg