Не се заморувај какви чорапи ќе облечеш, концентрирај се на љубовта!

Секое утро, секој ден, се будиш и веднаш доаѓаат лавина мисли и прашања во главата,  понекогаш позитивни, понекогаш негативни, ние самите одлучуваме кои ќе ги задржиме.

ne-se-zamoruvaj-kakvi-chorapi-kje-obleches-koncentriraj-se-na-ljubovta-01.jpg

Така секој нов ден прифатете ги само убавите, позитивните, оние мисли и прашања кои вас лично ве исполнуваат. Потоа сето тоа применете го во новиот ден, нека не постои ниту една работа, ниту еден проблем, нека не постои двоумење, почнете од оние малите работи.

Станете наутро позитивни и полни со енергија , не се двоумете кои чорапи да ги облечете, уште полошо која боја, ако не знаете облечете различни и ќе се чувствувате задоволно.

Најважно застанете пред огледало и кажете неколку убави зборoви, кажете како се чувствувате, кажете на глас, кажувајте си секој ден на самите себе дека се сакате. Тука и сега може да почне денот.

Така, денес зима, месец февруари, ден понеделник.

Среќен ден, исполнет, така нека почне со искрена љубов, така и нека заврши овој прекрасен ден, со љубов.

Сепак, убава, чиста, искрена, детска, среќна, сите убави зборови се малку, не постои збор во мојот речник, не можам да го пронајдам вистинскиот збор за да ја опишам, ама затоа ја чувствувам, секој ден, некој од тие денови повеќе, некогаш помалку, понекогаш е толку јака што се плашам да не ја изгубам, само тогаш.

Кога ќе почувствуваш љубов, чувај ја, не ја бркај, фати ја, грабни ја и не ја давај.

Нека ти дава сила секој ден, нека те храни, нека те прави среќен, секој нов ден посреќен, ќе имаш сила цел свет да го освоиш, нема да сакаш да застанеш, дозволи си го тоа, секој го заслужува, бидете тоа што сте и ќе бидете најсреќни.

Ќе знаете кои луѓе околу вас ве сакаат, ве ценат за тоа што сте, едноставно им е мило и се среќни што ве имаат во животот, но сепак на секоја добра страна има и лоша, но за мене, искрено и не е толку битна, да, точно, си имал погрешно мислење за некои луѓе или пак тие луѓе имаат погрешно мислење за тебе, не е толку битно тоа..

Битни се тие кои се до вас секогаш, тука се кога ви е супер, но тука се и кога нешто не е во ред.

Ќе ви помогнат на кој било начин, ако не друго, ќе ви дадат свое мислење, ќе ве бодрат и ќе бидат со вас. Тие луѓе чувајте ги до вас.

Понекогаш ќе давате добро, ќе добивате лошо.

Понекогаш ќе давате добро, ќе добивате добро.

Понекогаш ќе давате добро, ќе добиете дупло подобро.

Понекогаш ќе давате лошо, ќе добиете добро и обратно. Има и такви што нема да дадат ништо, но сепак ќе добијат добро... Такви се луѓето, таков е животот.

Најомилени ми се оние кои даваат добро, а не очекуваат ништо за возврат. Такви да бидете.

Јас, се трудам секој ден, давам сè од себе. Понекогаш успевам во тоа, понекогаш не.

Зависи на кој го даваш тоа добро, дали тој ќе го прифати тоа или ќе направи своја приказна, често спротивна од онаа твојата.

Важно е дека мојот ден поминал исполнет со среќа, смеа, едноставно сите убави работи што ви паѓаат на памет во моментов. Јас задоволна и среќна од самата себе.

Сакајте се, сакајте ги другите, само ќе добиете, нема да изгубите. Вреди некогаш да бидеш баш ти жртва, ни крив, ни должен. Ама како што сфативме до денеска, животот не е фер, ама вие барем  бидете.

Пробајте да бидете позитивни, убаво е чувството, бирајте го полесниот пат, зошто секогаш има потежок. Бирајте го тој што вие мислите дека е правилен и добар за вас, само не ѝ наштетувајте на вашата околина, таму има искрени луѓе, кои ве сакаат искрено и од срце, сетете се на нив и продолжете, бидејќи вие можете.

Бидете тоа што сте!

Автор: С. С. 

Доколку и вие сакате вашиот текст да биде објавен, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg