Драга моја ќерко, да си најдеш маж што ќе мисли дека си вредна за секоја жртва!

draga-moja-kjerko-da-si-najdesh-maz-shto-kje-misli-deka-si-vredna-za-sekoja-zrtva-01.jpg

Драго мое девојче,

„Пред некое време јас и мајка ти пребарувавме на Google. Некаде на пола типкање на нашето прашање, Google понуди листа на најпопуларни пребарувања. На сам врв беше прашањeто „Kако да го држам заинтересиран“.

Tоа ме трогна. Прегледав безброј текстови  за тоа како да бидеш секси, кога да излезете на пица, а кога на пиво и што да направиш за да тој се чувствува паметно и супериорно.

И се налутив.

Драга моја, не е, не било и никогаш нема да биде твоја работа да го „држиш заинтересиран“.

Драга моја, твојата единствена задача е длабоко во себе да знаеш дека си вредна. И ако секогаш можеш да се сетиш дека и секој друг е вреден на свој начин, битката на твојот живот во најголем дел е освоена. Ама за тоа друг пат.

Ако можеш да веруваш во себе на овој начин, ќе бидеш привлечна во најважната смисла на тие зборови: ќе привлекуваш внимание на дечкото кој е способен сам да се заинтересира и кој ќе сака да го помине целиот свој живот посветен на тебе.

Драга моја, сакам да ти зборувам за дечкото  кој нема потреба да го држиш заинтересиран, зошто тој веќе ги знае твоите квалитети.

Не е важно ако ги става лактите на маса додека јаде – се додека своите очи ги држи на твоето носе додека се смееш. И не може да престане да те гледа.

Не ми е важно ако не може да игра фудбал со мене – кога може да си игра со децата кои би му ги подарила и на сите убави и фрустрирачки начини открие дека и тие се како тебе.

Не ми е важно дали е силен – се додека ти дава простор да ја покажуваш својата сила што ја имаш во срцето.

Воопшто не ми е важно за кого гласа – се додека тебе секојдневно ти покажува чест и почитување во домот и своето срце.

Не ми е важно каква му е бојата на кожа – се додека платното на вашиот живот е обоено со трпение, пожртвуваност, ранливост и нежност.

Не ми е важно која религија е – се додека е одгледуван да го цени она што е свето и да знае дека таков е секој момент од животот и секој момент од животот со тебе.

И на крај, ако наидеш на такво машко и тој и јас да немаме ништо друго заедничко, најважната заедничка работа:

ЌЕ БИДЕШ ТИ!

Бидејќи на крај, драга моја, единствената работа која е потребна да „држиш некого заинтересиран“ си ти.“

Твојот вечно заинтересиран маж,

Тато.

Автор: Зборовите на безгласната девојка

Доколку сакате да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg