Отидов да заработам на црно во странство, си платив казна 700 евра и се вратив дома

otidov-da-zarabotam-na-crno-vo-stranstvo-si-plativ-kazna-700-evra-i-se-vrativ-doma-01.jpg

Од каде пари за одмор во Италија? Од работа на црно некаде во странство? Зошто да не? Силно верував дека нема да бидам токму јас таа која ќе биде фатена дека работи на црно. Но, реалноста беше спротивна од моето верување.

Планирав да работам 2-3 месеци, да заштедам за одмор во Италија, но планот ми се уништи уште од втората недела од кога почнав да работам. Токму мојот осми и последен работен ден се претвори во недела исполнета со кошмари.

Требаше да работам до 22 часот, но зошто да не останам до 24 часот кога веќе тоа беше можно? Така, по паузата во 22 продолжив со работа сè до 22:20, кога во фирмата од сите можни излези и влезови влезе инспекција и почнаа да барaат од нас документи за дозвола за работа, кои неколку од нас не ги поседуваа.

Нè изнесоа надвор од фирмата и кога излегов видов 7 комбиња од инспекцијата, 4 полициски комбиња и 50-тина инспектори, кои ја пребаруваа фирмата од околу да нема случајно некој скриено некаде.

Така, како да сме некои криминалци почнаа да ни се дерат, без некој да ги разбере, и сите бевме повикани да влеземе во посебни комбиња, каде бевме испрашувани како сме стигнале да работиме во фирмата без дозвола за работа.

Секако, никој од нас не призна дека знае дека работи на црно, бидејќи знаевме дека ако признаеме дека работиме на црно казната ќе биде повисока, а секако на сите нас мама и тато требаше да ни ја финансираат одредената казна.

По инспекцијата, бевме предадени на полицијата која на одведе во полициска станица каде сите уште 2 пати требаше да направиме записник како сме дошле да работиме во фирмата. Испитувањето траеше до 9 часот изутрина.

За да не биде тоа сè, следното утро околу 10 часот ми затропа криминалистичка полиција на вратата. Какво будење а? Повторно истото испрашување: Зошто? Како? Каде? Кој?… И повторно истите лаги: Не знаев дека сум на црно. А како можеше да не знам кога сите кристално јасно знаеме дека со нашите пасоши без работна виза немаме право на работа во странство.

Некако си отидоа по што јас морав да одам да си ја платам казната за да можам да си го земам пасошот кој се наоѓаше во полицијата, каде бевме испрашувани. Следниот ден целта ми беше да одам да го земам пасошот, а единственото нешто што го посакував во тој момент е да бидам дома со моите.

Секако, земањето на пасошот не помина толку едноставно како што посакував. Освен казната, цената за да си го земам пасошот беше уште еден записник исполнет со истите лаги како во претходниот записник.

Тука заврши и мојата авантура која ме чинеше 700 евра и наместо да заработам пари за одмор јас им ги потрошив парите на моите, кои им беа резервирани за одмор.

Автор: И. Х.

Доколку сакате да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg