Тука сме само еднаш - јас немам повратна карта, не знам за вас

Едноставно, замислете си како сте дел од сопственото битие, комлексна „креација“ на тоа што сме и тоа што, сепак, не сме... Ако се уфрлите во така дедуктивна перспектива, запрашајте се дали сакате да коегзистирате со останатите делови од „креацијата“...

tuka-sme-samo-ednas-jas-nemam-povratna-karta-ne-znam-za-vas-001.jpg

Фрлете поглед на околината од маани и доблести, фрустрации и инспирации и оценете го досегашниот став за тоа што се случува со вас... Сигурни ли сте дека сакате да бидете дел од нешто што не ни наликува на првобитната замисла за слободоумна, непобитна и неуништива „креација“?

Не мора да размислувате долго, јас ќе ви кажам...

За никаде сме, одамна го немаме одговорот на така поставеното прашање. Немаме насока, ниту одредена патека туку имаме само замислена цел некаде таму накај Недојдија, каде што ништо нема смисла ама сепак постои... Јас се си мислам дека си го поткопавме тлото каде стоиме, создадовме процес на самоунишување во напредна фаза...

Имаме неприродни стандарди на квалитетен живот.

Акумулираната негативна енергија ја „подаруваме“ на они кои ги обожуваме, пластичната насмевка ја задржуваме пред оние кои не ни се толку драги, не знаеме од која страна да кренеме ѕидини зашто нападите на неконтролирано задоволство од туѓата болка пробуваат да ни навлезат во психа и да не донесат до ментална беда...

Посакуваме секогаш да бевме на друго место и во друго време, секогаш сакаме да навлеземе во имагинарен свет на спокој, кој , всушност, самите го конвертираме во неспокој...

Што се случува? Каде сме тргнале?

Во адот и нема баш место за сите ситни души на земскиов свет. Нема место ни за пола, а камоли...

Ах, да можеше да почнеме од нула... Мислам би можеле да спасиме мал сегмент на достоинство, мала нишка на искрена љубезност и непогрешлива самоувереност..

Ама, сега веќе немаме време... Немаме време ни да се сепнеме од околната гадотија. Грозно е да гледаш како родот ти станува канибалистичко, препотентна гарда на злото. Невозможно е да се извлечеме од она што си го посеавме. Можеме само да си го ожнееме, па кој ќе преживее ќе раскажува.

Ужасната сум од постојаната усогласеност на човечкото суштество со наметнатата контрола која неприродните карактеристики прави да стануваат вродени. Одбивам да се постројам со безмозочните клетки на игнорантните копилиња од мојата и пошироката околина. Сакам да опстојувам тука и сега, но сама да ги одредам условите, принципите и правилата на мојот животен тек. Само немаме простор за користење сопствен мозок.

Полтрони ги има да ги ринеш со лопата, а другите „кутри“ души толку се потиснати што се слеале со масата и ја изгубиле поентата на сопственото постоење некаде на патот накај она што на почетокот мислеле дека е правилно или правично, којзнае.

Се потпираме на генералното гледиште за било каква ситница, си крадеме самите од интимата на сметка на туѓото задоволство, сакаме да потсетуваме на она што другите би го посакале, а не ни помислуваме на колатералната штета притоа.

Емпатијата ни е најслаба страна, а од друга страна егото е толку нараснато што најдобро би било сами да си го пукнеме сеирот...од нас дури и Пандорината кутија сама полека се откажува од себе.

За нас не важи она: „Од две грешки, точно.“ Не сме ни блиску до точниот резултат, а се однесуваме како да сме докторирале квантна физика.

Заради тоа, секој ден се обидувам со сите сили да се впуштам кон суштината на мојата идеја за функционирање во ваква средина. Тоа е да се биде корисен дури и кога најмалку се бара тоа од тебе.

Се трудам да им се насмеам на оние кои или го заслужиле тоа или не успеале да дојдат во допир со себе си за да знаат дека треба да ја заслужат таквата енергија, зашто на овој свет сме оставени сами на себе, а тоа воопшто не ми се вклопува во параметрите за општото добро.

Значи, тука сме само и само ЕДНАШ! Јас немам повратна карта, не знам за вас. Ако го познавате кондуктерот, кажете ми да не му ја мислам толку, затоа што како тргнала работава грешен и во рајот можеш да влезеш ако го познаваш светиот дедо Петар.

Но, сè е добро кога ќе заврши добро, а викаат секогаш на крај е добро. Затоа, можете да здивнете затоа што уште не сме ни блиску до добро, што значи не ни е дојден крајот.

Автор: Габс

Доколку сакате да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

Исповед на млада скопјанка: „Другарките ме заменија со нова девојка со 1.000 следбеници на Инстаграм... Jас лежерно во домашна атмосфера, отварам Инста и вечерно стори од нив три,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg