Најубавите зоолошки градини во светот кои би сакале да ги посетите

Мислам дека не постои човек на планетава земја кој не ги сака животните или барем не чувствува некаква наклонетост спрема нив. 

zooloski gradini vo svetot koi bi sakale da gi posetite 10

Токму поради тоа сакаме да ги имаме покрај себе. Се сеќавам кога моите првпат ме одведоа во зоолошка градина, не можев да поверувам дека живите суштества што ги гледав на телевизија стојат пред мене. Во нив препознавав Дизни јунаци со кои секојдневно се дружев.

Видов лавови, слонови, жирафи, мајмуни, носорози кои зад решетките гледаа во мене. Хранев папагали и се смешкав на одењето на пингвините.

Оттогаш се појави некаква врска со животните, со тој свет што постои во склоп на нашиот. Затоа секогаш каде и да патувам ако ми дозволуваат условите гледам да посетам зоолошка градина.

Во продолжение следува листа на зоолошки градини во светот што за сите љубители на животински свет би било големо задоволство да ги посетат.

Zoologischer Garten Berlin, Берлин

Најстарата зоолошка градина во Германија (1844) има над 1.500 различни видови и 9.500 животни, а претставува најпосетената во Европа.

zooloski gradini vo svetot koi bi sakale da gi posetite 6

zooloski gradini vo svetot koi bi sakale da gi posetite 6

London Zoo, Лондон

За сите кои уживаат да шетаат низ Лондон, постои една интересна зоолошки градини, која уште во 1847 година е отворена за јавноста и се наоѓа на север од Regent's Park.

Како една од главните атракции се Галапагос желките, како и широк спектар на рептили, тигри и плажа со пингвини.

zooloski gradini vo svetot koi bi sakale da gi posetite 2

zooloski gradini vo svetot koi bi sakale da gi posetite 2

Beijing Zoo, Пекинг

Основана како приватна колекција на Qing Dynasty во 1906 година, која поседувала 12 мајмуни, 2 папагала и слеп ној, денеска претставува една од најпосетените зоолошки градини во Кина.

Пандите привлекуваат голем интерес кај посетителите, заедно со Кинескиот алигатор и Кинескиот саламандер.

zooloski gradini vo svetot koi bi sakale da gi posetite 3

zooloski gradini vo svetot koi bi sakale da gi posetite 3

Tiergarten Schönbrunn, Виена

Најстарата зоолошка градина е изградена во 17 век и тоа на просторот на дворецот Шенбрун, за време на Хабсбуршка династија.

Комбинција на историја и дивиот свет на животните, оваа зоолошка градина во Виена е дом на убавите фламинга, жирафи и цела листа на животни кои зборуваат за различноста што постои на планетата земја.

zooloski gradini vo svetot koi bi sakale da gi posetite 7

zooloski gradini vo svetot koi bi sakale da gi posetite 7

Автор: Е. Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Одговори на најчестите прашања за мачките: Зошто предат, зошто носат животинки, дали ве сакаат? Мачките се идеални миленици за луѓето што немаат премногу време: независни се, н...
Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
7 забавни факти за слоновите - Ги „погребуваат“ нивните мртви, може да изодат 120 километри дневно Слоновите покажуваат огромна емоционална интелигенција. Тие се едни од ретките ж...
Само ова ќе кажам: „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, т...
Бил роден за време на Втората светска војна – Како изгледа еден од најстарите папагали во светот? Папагалот Коко има 84 години и е слеп, но неговите сопственици велат дека воопшт...
Совети за одгледување хрчак – Што јаде, колку често треба да си игра и кога да го однесете на ветери... За среќен хрчак од особена важност е сместувањето. Ставете му го кафезот во близ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg