5 добри причини да му забраните на миленичето да спие во вашиот кревет, иако не сакате

Спиењето со миленичето има многу позитивни аспекти, бидејќи овие пријатели се неограничен извор на топлина, љубов и нежности.

5-dobri-prichini-da-mu-zabranite-na-milenicheto-da-spie-vo-vashiot-krevet-iako-ne-sakate-01.jpg

Сепак, докторите велат дека спиењето со животни може да биде одличен начин да си наштетите на здравјето.

Не зборуваме само за гребаници и влакна на перницата, туку за посериозни последици како инфекции, паразити, па и можни промени во однесувањето на животинчето.

Добри причини заради кои треба да престанете да спиете со миленичето во ист кревет:

Токсоплазмоза

Ова заболување е предизвикано од паразит што може да доведе до сериозни последици на мозокот.

Може да се пренесе преку контакт со мачка, посебно во сон, кога ги допирате усните и лицето до неговото тело.

Посебно е опасно за луѓе со слаб имунитет и за бремени жени.

5-dobri-prichini-da-mu-zabranite-na-milenicheto-da-spie-vo-vashiot-krevet-iako-ne-sakate-02.jpg

Менингитис

Животните исто така може да патат од менингитис и да го пренесат ова заболување на човекот преку лижење на лицето (што се случува во сон), или кога сте во близок контакт со лицето на миленичето.

5-dobri-prichini-da-mu-zabranite-na-milenicheto-da-spie-vo-vashiot-krevet-iako-ne-sakate-03.jpg

Златен стафилокок

Зголеменото ниво на оваа бактерија може да предизвика сериозни заболувања кај човекот, а се пренесува од животно на човек преку плунка.

Со оглед на тоа што миленичињата ја користат можноста за таков начин на искажување љубов кога спијат со вас, јасно ви е зошто треба да ја отстраните таа навика.

5-dobri-prichini-da-mu-zabranite-na-milenicheto-da-spie-vo-vashiot-krevet-iako-ne-sakate-04.jpg

Паразити

Секој сопственик на милениче го проверува редовно и се справува со овој проблем, но сепак никогаш не може да бидете 100% сигурни.

Со близок контакт со животинчето, може да ви пренесе:

  • Дерматофитоза – период на инкубација од 8 до 30 дена
  • Анкилостомна инфекција – ларва која влегува во телото преку кожа
  • Други видови паразити кои може да ви предизвикаат сериозен здравствен проблем

5-dobri-prichini-da-mu-zabranite-na-milenicheto-da-spie-vo-vashiot-krevet-iako-ne-sakate-05.jpg

Агресија

И секако, не заборавајте дека некогаш кучињата го чувствуваат креветот како нивна територија и не дозволуваат никој да се приближи.

Мачките исто така може да станат агресивни за нивната територија, а ова менување во однесувањето на миленичињата може да создаде проблеми кај сопствениците за кои не се ни свесни.

5-dobri-prichini-da-mu-zabranite-na-milenicheto-da-spie-vo-vashiot-krevet-iako-ne-sakate-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Само ова ќе кажам: „Кучето е најдобриот пријател на човекот“ Нив не им е важно дали имате 7 или 77 години, ако се однесувате добро кон нив, т...
Совети за одгледување хрчак – Што јаде, колку често треба да си игра и кога да го однесете на ветери... За среќен хрчак од особена важност е сместувањето. Ставете му го кафезот во близ...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...
Зошто е добро да чувате зајак и како да се грижите за него? Многумина, откако ќе одлучат да земат домашно милениче, вообичаено си го поставу...
Што открива омилената положба на спиење за карактерот на вашето куче? Ако кучето спие на грб, со кренати задни нозе, тоа значи дека е среќно, самоувер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg