11 нешта кои вашето куче не сака да му ги правите

Ако сакате да бидете навистина најдобри пријатели со своето куче, тоа значи дека треба и на двајцата да ви биде пријатно еден со друг.

11-neshta-koi-vasheto-kuche-ne-saka-da-mu-gi-pravite-01.jpg

Иако комуникацијата со миленичето не е тешко да се воспостави, треба да знаете дека постојат и постапки кои можат да го збунат кучето, да го исплашат или да го нервираат.

Затоа, треба да се потрудите да ги искорените:

Користите премногу зборови

Луѓето комуницираат со зборови, но вашето куче реагира на глас и гестови. Кучињата можат да направат разлика на 50-100 зборови, меѓу кои и оние типичните „дојди“, „надвор“, „легни“ или „немој“. Остатокот го толкуваат од говорот на телото.

Затоа, ако сакате да го викнете кучето да дојде, треба да го проследите гласот и со гест. Некогаш можете дури и да пробате да ја сведете комуникацијата само на говор на тело и ќе видите дека кучето исто ќе реагира, па дури и ќе ве разбира повеќе околку кога само зборувате.

Прегратки

Сите сакаме силни прегратки, но не и милениците. Нив потрудете се да не ги стискате кога ќе ги гушнете. Многу кучиња ќе ви дозволат да ги гушнете, но тоа не значи дека уживаат во тоа.

Некои можат да се почувствуваат загрозени, па да реагираат со агресивност или дури и со касање. Постојат исклучоци, но генерално, кучињата не сакаат прегратки.

11-neshta-koi-vasheto-kuche-ne-saka-da-mu-gi-pravite-02.jpg

Тапкање по главата и телото

Можете да го галите кучето, но замислете како му е ако го тапкате по главата или телото. Не го знаете прагот на толеранција на болка, па затоа подобро не ни пробувајте, бидејќи може да го протолкуваат тоа како напад и да реагираат со оддалечување, агресија или да ве избегнува подолг период.

Им приоѓате со директен поглед во очи

Контактот очи во очи е важен во човечките односи. Но, ако го гледате своето куче во очи додека му приоѓате, тоа ќе сфати дека сакате да доминирате врз него и може да помисли дека имате намера да го покорите. Може дури и да го протолкува како агресија.

Во најголем број случаи на ниту едно куче не му е пријатно да биде гледано во очи додека му се приближувате.

Немате поставени правила

И вие и кучињата имате правила кои ги усогласувате во моментот кога почнувате да го учите да биде ваше милениче. Затоа и се нервираат кога претерано ги изложувате на непредвидливи ситуации и тоа многу ги збунува и е стресно за нив.

Тие не разбираат дека вашата облека за дома и за на работа не се исти и дека не треба да скокаат кога сте дотерани. Но, можете да го научите, само со доволно трпение.

Изложување пред кучиња и луѓе кои не ги сака

Миленичињата исто како и луѓето, имаат одредени личности или други кучиња кои не им се допаѓаат. Затоа, во процесот кога барате партнер за парање или за играње во игралиште, важно е да го следите однесувањето на своето куче.

Ако некој не му се допадне веднаш, кучето нема да го смени мислењето и по некое време да сака да комуницира со нив.

11-neshta-koi-vasheto-kuche-ne-saka-da-mu-gi-pravite-03.jpg

Прошетка без мириси

Кучињата сакаат да истражуваат, а тоа најдобро го прават мирисајќи наоколу додека се шетаат. Затоа добро е понекогаш да ја менувате воспоставената патека, со цел да може да истражува и мириса и нови делови. Тоа го релаксира и му ги изострува сетилата.

Презатегнат поводник

Затегнатиот поводник предизвикува стрес, фрустрација и негативно возбудување. Поздраво е ако вашето куче уште од мало го научите да не тегне, па дури и ако треба да вложите многу време во тренинг, трпение и награди.

Напнатост

Кога сте напнати, стресот може лесно да премиен врз вашето милениче, но тоа ќе го доживее уште понепријатно отколку што ни е нас. Обидете се да го контролирате своето однесување. Можете дури и да се галите со вашето куче, за да се ослободите од насобраниот стрес.

Здодевност

Исто како што ви е вас кога сте во друштво на здодевни луѓе или заглавени во здодевна работа, така и вашето куче не сака да му е здодевно. Кога се враќате од работа, треба да му посветите доволно време, бидејќи веројатно цел ден ве чекало за да си играте.

Кучињата не бараат премногу. Доволни им се 20-30 минути интензивно внимание за потоа да бидат најсреќни на светот.

Задевање

За ова не треба да се трошат многу зборови. Исто како што вие не сакате некој да ви дува во ушите или да ви чепка во носот, не треба ниту така да му правите на кучето. Него тоа не му е смешно, ниту интересно, туку може само да го наруши ментално и физички.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Совети за шетање куче (ќе им се најдат на новите сопственици, без искуство) Користете краток поводник и наградете го кучето кога се однесува добро - Неколку...
9 намирници кои се безбедни за вашето куче (и треба да ги вклучите во исхраната) Лубеница за освежување во лето и путер од кикиритки како награда - неколку намир...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg