Топ 5 раси на кучиња за семејства со деца

Иако многу семејства се скептични за куче и мало дете во ист дом, сепак постојат раси на кучиња кои се идеални за растење со деца.

top-5-rasi-na-kuchinja-za-semejstva-so-deca-01.jpg

Дечињата многу често сакаат куче во домот, а родителите не дозволуваат од безбедносни причини, но всушност, кучињата се најголеми чувари на децата.

Независно на која возраст се децата, тие ќе научат многу од чувањето на куче – ќе се научат на одговорност, ќе имаат со кого да си играат и секогаш ќе бидат заштитувани од нивниот миленик.

Секако, важно е да ја одберете вистинската раса на куче, а има неколку кои се идеални за семејства со деца, иако секое од нив си има предности, но и недостатоци. 

Направете „пресметка“ и одберете ја најдобрата раса за во вашето семејство:

Златен ретривер

Предности:

  • Пријателски настроени кон луѓе и животни
  • Паметни
  • Лесни за дресирање

Недостатоци:

  • Бараат долги прошетки со активни игри
  • Не толку добри чувари
  • Голем раст

top-5-rasi-na-kuchinja-za-semejstva-so-deca-02.jpg

Њуфаундлендер

Предности:

  • Пријателски настроени
  • Паметни
  • Служат како дадилки
  • Лесни за дресирање

Недостатоци:

  • Долгото влакно го валка домот
  • Многу плунка

top-5-rasi-na-kuchinja-za-semejstva-so-deca-03.jpg

Лабрадор

Предности:

  • Екстремно паметни
  • Пријателски настроени
  • Сакаат игра
  • Лесни за дресура

Недостатоци:

  • Бараат долги прошетки и активност
  • Собираат сè и сешто од земја
  • Не поднесуваат осаменост

top-5-rasi-na-kuchinja-za-semejstva-so-deca-04.jpg

Германски овчар

Предности:

  • Паметни
  • Лесни за дресирање
  • Склони кон заштитување на деца

Недостатоци:

  • Не се идеални за почетници
  • Агресивни на други кучиња и непознати
  • Гласни

top-5-rasi-na-kuchinja-za-semejstva-so-deca-05.jpg

Боксер

Предности:

  • Добра природа и сакаат игра
  • Не бараат комплексна нега
  • Трпеливи и грижливи кон деца

Недостатоци:

  • Не поднесуваат осаменост
  • Бараат долги прошетки и активност
  • Имаат долг јазик и склони се кон лижење

top-5-rasi-na-kuchinja-za-semejstva-so-deca-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дали вашето куче спие добро + како да му го подобрите квалитетот на сонот? Осигурете се дека е доволно физички активно и не дозволувајте да спие во многу с...
Чував кучиња и мачки - Какво е моето искуство и што можете да очекувате од нив како миленици? Кучето е секогаш умно. Сѐ ве разбира и сѐ ве слуша. Толку е паметно што да можеш...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Низ илустрации: Докази дека мачките и кучињата се од различни планети Додека кучето ве гледа како бог, мачката е убедена дека вие сте ѝ слуга. Дали по...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
Фотографии кои покажуваат дека животните ја чувствуваат нашата љубов Колку што ние си ги сакаме мачките и кучињата што ги чуваме дома, толку и тие нè...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg