Пониско ниво на холестерол, подобро расположение - Факти што покажуваат зошто кучињата се нашите најдобри пријатели
Познат факт е дека миленичињата имаат позитивно влијание врз нивниот сопственик. Сепак, науката вели дека во просек, кучето го продолжува животот на неговиот сопственик за две години.
Изгледа дека позитивното влијание на кучињата сега е и научно потврдено.
Ова се осум факти за кучињата кои докажуваат дека не можеме да ги замислиме нашите животи без нив:
1. Сопствениците на кучињата се генерално позадоволни
Уште во 2002 година, британските научници дошле до заклучок дека дури 75% од луѓето се чувствуваат посреќно во присуството на куче.
Наводно, кучето го стимулира лачењето на „среќните“ хормони, како ендорфин, допамин, серотонин и окситоцин.
2. Сопствениците на кучиња имаат намален ризик од срцев удар
Истражување од Велика Британија покажало дека срцевите удари претежно ги преживуваат сопствениците на кучиња и дека нивното срце работи „подобро“ од оние кои немаат куче.
3. Сопствениците на кучиња имаат пониско ниво на холестерол
За овој факт, медицината досега не пронашла важечко образложение, освен едноставна претпоставка - сопствениците на кучиња се поактивни, бидејќи се принудени да шетаат со своето милениче барем двапати на ден.
4. Сопствениците на кучиња подобро ја толерираат болката
Според научните истражувања спроведени на Универзитетот во Вашингтон, кучињата ги одвраќаат своите сопственици од болка и им помагаат да се релаксираат.
5. Сопствениците на кучиња имаат помалку проблеми со несоница
Дури 41% од сопствениците на кучиња имаат добар квалитет на спиење, благодарение на фактот дека нивното милениче е близу до нив. Истото им дава сигурност и мир.
6. Сопствениците на кучиња имаат помалку проблеми со алергии
Научниците докажале дека ако новороденчињата стапат во контакт со животни на рана возраст, подоцна ќе имаат многу помалку проблеми со алергија, бидејќи ќе изградат посилен имунитет.
7. Сопствениците на кучиња се повеќе ментално стабилни
Луѓето кои страдаат од некаква форма на психичко нарушување сметаат дека кучињата им помагаат да ги ублажат симптомите. Всушност, кучињата се користат и како еден вид терапија за луѓе кои преживеале некаква траума и кои имаат проблеми со психичкото здравје.
8. Сопствениците на кучиња се повеќе комуникативни
Сопствениците на кучиња многу полесно создаваат нови пријатели. Дури 40% од луѓето рекле дека многу брзо се запознале со соседите благодарение на миленичето.
Ашера | Црнобело