3 фитнес вежби за 3 пати позатегнато тело

Загрејте се добро пред да започнете да ги правите, бидејќи иако се само 3, овие фитнес вежби ќе ве испотат добро.

3-fitnes-vezbi-za-3-pati-pozategnato-telo-4

 Се однесуваат на секој дел од телото, како што се стомакот, нозете, градите и задникот, а доколку ги правите секој ден интензивно, верувајте дека истите ќе бидат затегнати за краток период.

1. Стомачни во вис

Легнете на земја и ставете ги рацете вкрстени зад главата, нозете испружете ги во вис, чувствувајќи го стомакот затегнат.

Потоа започнете да го кревате горниот дел од телото напред, оваа вежба е за стомачните мускули, а треба да ја правите во 3 серии по 10 вежби.

3-fitnes-vezbi-za-3-pati-pozategnato-telo-1

 2. Замрзнати склекови

Застанете во оригиналната положба за склекови, а потоа спуштајте се од една на друга рака како на фотографијата.

Кога ќе се спуштите на едната страна, задржете ја позицијата една минута, истото направете го со другата рака, повторувајте ја вежбата во 3 серии по 10 вежби која ги зацврстува градите.

После правење на оваа вежба направете 10 оригинални склекови.

3-fitnes-vezbi-za-3-pati-pozategnato-telo-2

 3. Странични истегнувања

За почеток загрејте се со десет чучнувања, а потоа застанете во исправена положба со раширени нозе и истегнувајте ги нозете странично како на фотографијата.

Правете ги истегнувањата бавно и чувствувајте како нозете и задникот ви се затегнуваат. Правете ја вежбата во 3 серии по 10 вежби.

3-fitnes-vezbi-za-3-pati-pozategnato-telo-3

Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg