Тренерот на Клое Кардашијан ги открива тајните: Како да имате тело како нејзиното?

Клое Кардашијан е сестрата која ни се чинеше дека преку ноќ стана секс симбол со извајано тело, но нејзиниот тренер вели дека зад промената се крие голема посветеност.

trenerot-na-kloe-kardashian-gi-otkriva-tajnite-kako-da-imate-telo-kako-nejzinoto-001.jpg

Гунар Петерсон е личен тренер на ѕвезди како Џенифер Лопез, Анџелина Џоли и семејството Кардашијан, но овојпат ги открива тајните на Клое.

Како да го стегнете телото како што таа успеа?

1. Никогаш не пропуштајте тренинг

Гунар вели дека тајната на драматичната промена на Клое се случила само затоа што таа била целосно предадена на тренинзите. Никогаш не ги пропуштала термините, без разлика колку хаотичен и да и е денот.


2. Не бидете роб на распоредот

Гунар и Клое вежбале 5 пати неделно без пропусти, но времето било различно. „Некогаш можеше во 8 часот, некогаш во 6.“ Вметнете го тренингот тогаш кога можете.


3. Менувајте ги вежбите

Гунар вели дека Клое немала типична рутина. Некои денови правела интензивни кардио тренинзи, други денови ги форсирала екстремитетите...


4. Топ две вежби кои мора да ги правите?

Подигање тегови и боксирање.


5. Јадете здраво

Магијата не се случува само во теретаната. Доброто тело има потреба и од добра храна. Плус останете хидрирани, заради тоа што кога вежбате губите премногу течности преку потењето.


6. Спијте

На телото му треба време да се опорави од напорните тренинзи. Гунар го препорачува на сите она што и го препорачал на Клое - секоја вечер да се подготвува за спиење во ист период.


7. Балансирајте

Зошто Клое беше толку успешна во својата цел? Затоа што успеа да го балансира друштвениот живот со посветеноста на своето тело, вели нејзиниот тренер. Тој вели и дека нема ништо лошо во една чаша вино со пријателите, само бидете подготвени следниот ден добро да се испотите, наместо да лежите во кревет.

trenerot-na-kloe-kardashian-gi-otkriva-tajnite-kako-da-imate-telo-kako-nejzinoto-02.jpg

Би можело да ве интересира:

10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
Стефан Спирковски за трансформацијата на телото за 60 дена: „Имаше денови кога морав да ‘запнам’“ „Имаше денови кога бев многу мотивиран, а имаше и денови кога не ми беше до ништ...
4 лесни вежби за стомак, задник и нозе Со едно обично столче и малку добра волја, можете да правите едноставни вежби и ...
Вежби со кои ќе ја затегнете кожата на вратот (и ќе се ослободите од подбрадокот) За овие вежби не ви е потребна апсолутно никаква опрема и можете да ги направите...
Јога пози со кои ќе го подобрите капацитетот на белите дробови Одредени јога пози ги „отвораат“ градите при што се подобрува протокот...
Една вежба со која ќе ја намалите болката во ‘рбетот (и да имате подобро држење на телото) Ако ја повторувате вежбата секој ден, со текот на времето ќе почувствувате дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg