Како да се ослободите од вишокот сало на рацете?

Салото на рацете генерално е резултат на акумулацијата на вишок масти токму во таа област и додека вишокот на маснотии во другите делови, многу лесно можете да ги отстраните, кај рацете тоа оди потешко.

kako-da-se-oslobodite-od-vishokot-salo-na-racete-01.png

Стареењето е уште една причина за појава на сало во пределот на рацете. По 20-та година, нашето тело има тенденција да ги задржува мастите во одредени предели од телото, а мускулната маса започнува да опаѓа.

Забавениот метаболизам е уште една причина за појава на вишок масти во пределот на рацете. Со текот на времето согорувате сè помалку калории и тоа доведува до појава на вишок сало во рацете.

Таков е случајот и со нередовното вежбање.

Ако имате вишок на сало во пределот на рацете постои одлично видео кое ќе ви покаже како со добра физичка активност можете да се ослободите од истото.

Ако не, еве неколку совети како да ја спречите оваа непријатна појава:

1. Хранете се здраво

Првата и најважна работа со која можете да ја спречите појавата на вишок сало во рацете е да внимавате на храната која ја јадете. Тоа значи дека треба да консумирате повеќе овошје и зеленчук.

Исто така, потребна ви е и храна која е богата со растителни влакна кои ќе ви помогнат да согорувате повеќе калории, односно да го забрзате вашиот метаболизам.

Јадете повеќе протеини и сложени јаглехидрати како што е скробот.


2. Јадете помали оброци

Подобро е да имате помали оброци во еднакви интервали одошто три или два големи оброка.


3. Појадувајте

Не го избегнувајте појадокот, ако го правите тоа, на крајот од денот ќе јадете многу повеќе отколку што е потребно.


4. Пијте повеќе вода

Големите количини на вода го забрзуваат вашиот метаболизам. Исто така, важно е да пиете вода пред самите оброци, бидејќи на тој начин ќе јадете помалку.


5. Пијте зелен чај

Започнете го денот со шолја зелен чај и понатаму во текот на денот добро е да испиете уште 3 до 4 шолји зелен чај. Така го забрзувате вашиот метаболизам.


6. Вежбајте кардио

Кардио вежбите се одличен начин како да согорите повеќе калории и да се ослободите од вишокот маснотии од целото тело. Можете да пливате, планинарите, скокате на јаже...


7. Качувајте се по скали, наместо да се возите во лифт

На овој начин ќе согорите уште повеќе калории и ќе се чувствувате поздрави.

Би можело да ве интересира:

10 (ефикасни) трикови со кои ќе се ослободите од масните наслаги на бутовите Преголемиот внес на сол прави вашето тело да го задржи вишокот вода, што пак пре...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg