Вистинските мажи вежбаат јога

Можеби ви се чини дека далеку подобро е да дигнете тег од 100kg, но веројатно многу попрактично е да пробате и спортска активност која ви се чини како исклучиво женска – јогата.

jogata-e-za-zeni-5-izgovori-zoshto-mazite-ne-vezbaat-joga-01.jpg

Времињата се менуваат и сè повеќе мажи ги откриваат бројните придобивки кои ги носи редовното вежбање на јога. Заблуди и понатаму постојат...

Еве неколку:

„Не сум доволно флексибилен за да вежбам јога“

Една јога инструкторка вели: „Мажите обично доаѓаат на првиот час со потсмев, а по првиот завршен час кога маицата е мора од пот, а мускулите болат, сфаќаат дека јогата не е за потценување“.

Денес многу мажи не се чувствуваат добредојдено на часовите по јога, бидејќи сметаат дека не се доволно флексибилни, но јогата ќе ја зголеми вашата флексибилност, болката во ‘рбетот  ќе исчезне, неправилната положба...


„Јогата е за жени“

Ако одите на час по јога во Њујорк или Лондон, третина од присутните во просторијата ќе бидат мажи. Мал број на мажи тука, одбираат јога, бидејќи сметаат дека ова е женска активност.

Она што не го знаат е дека до пред неколку децении, јогата ја практикувале исклучиво мажи, работите се промениле кога јогата пристигнала на западот и била прифатена од страна на жените.


„Не можам на јога, одам во теретана“

Јогата и теретаната одат заедно. На часот по јога добро ќе се истегнете, а во теретана ќе накачите мускулна маса.


„Немам време да се занимавам со јога“

Јогата треба да биде приоритет од една главна причина – ќе ве ослободи од стресот. Денес кога поголемиот дел од луѓето патат од хроничен стрес, добра идеја е да се одлучите да се релаксирате со јога.


„Од јогата немам друга корист освен истегнување и релаксирање“

Многу од јога вежбите не само што ќе ве направат пофлексибилни, туку ќе влијаат и на вашите органи, благодарение на зголемениот проток на крв во нив.

Ако и вие верувате во овие изговори, еве две видеа кои ќе ве убедат во спротивното:

Ако сè уште не сте убедени, погледнете ги овие совршени мажи кои вежбаат јога...

Би можело да ве интересира:

Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Стефан Спирковски за трансформацијата на телото за 60 дена: „Имаше денови кога морав да ‘запнам’“ „Имаше денови кога бев многу мотивиран, а имаше и денови кога не ми беше до ништ...
4 лесни вежби за стомак, задник и нозе Со едно обично столче и малку добра волја, можете да правите едноставни вежби и ...
Баланс, енергија, медитација: Кои се придобивките од вежбите чи-гонг? Терминот „чи-гонг“ во буквална смисла значи култивација на животната енергија. ...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg