30-дневни предизвици: Добрите и лошите страни на ваквото вежбање

30-дневните предизвици се навистина популарни и познати, но некои од нив функционираат, а некои не.

30-dnevni-predizvici-dobrite-i-losite-strani-na-vakvoto-vezbanje-001.jpg

Резултатите од ваквото вежбање зависат од секоја личност посебно, без разлика што станува збор за истиот предизвик. Независно од типот на предизвик, тие имаат добри и лоши страни. А од вас зависи каков баланс ќе си направите за да ги добиете најголемите бенефиции и резултати од ваквото вежбање.

А, ова се добрите и лошите страни на различните предизвици:

Лоши страни:

Сечиј метаболизам и тело е различен, што значи предизвикот кој има одлични резултати кај една личност, не значи дека ќе го направи истото кај сите. Исто така, некои од овие предизвици можат да бидат штетни:

Кога вежбате една група на мускули секој ден, вие нема да изградите мускули туку ќе почнете да ги кинете, тегнете и премногу да ги загревате (ова важи ако сте во добра форма).

Ако не сте во форма, проблемите стануваат дури и полоши. Ќе почнете да чувствувате повеќе болка и ќе имате проблеми кои можат да предизвикаат само минимални резултати. На крај, наместо да имате корист од вашето напорно вежбање вие само ќе се повредите.

Уште една лоша страна на 30-дневните предизвици е ветување на резултати кои се премногу глорифицирани од медиумите, самиот предизвик и луѓето кои го правеле ваквиот предизвик.

Исто така, тие забораваат да напоменат дека здравата исхрана е исто така важна и од голема корист за најдобри резултати.

Овие вежби можеби изгледаат дека се доволни, но кога ќе завршат тие 30 дена луѓето се враќаат на старото и не се заморуваат со ништо друго – што значи дека резултатите ќе избледат многу побрзо отколку што мислат.

Овие предизвици не се долготрајни – што значи не поттикнуваат на вежбање откако ќе завршат. И последно, најлошото нешто е што луѓето забораваат да ги прават, лажат или немаат време за последните неколку дена за кои им треба повеќе време за разлика од првите денови.

Добри страни:

Овие предизвици можат да бидат добри за вас ако се придржувате до нив. За да избегнете повреда, голем дел од тренерите препорачуваат правење на 30-дневни предизвици повеќе од 60 дена така што секој втор ден е ден за одмор.

Ова е главната добра страна бидејќи ќе ги добиете бенефициите од интензивното вежбање, а и ќе бидете безбедни.

Уште една добра страна е што луѓето во лоша форма почнуваат со мали и лесни предизвици и нивниот интензитет умерено и безбедно се зголемува – што може да доведе до одлични резултати.

Убавината на овие предизвици е што ви кажуваат што, колку и како треба да правите секој ден – тие се совршен водич.

30-дневните предизвици исто така имаат тенденција да мотивираат и да создадат големо задоволство кај вежбачите бидејќи тие го мерат успехот, мотивираат за да продолжите да вежбате и да завршите, и создаваат задоволство кога ќе дојдете до 30-тиот ден.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg