Немојте да држите диети: Жени кои се посексапилни откако ја зголемиле тежината

Додека повеќето жени целат кон тоа да бидат послаби и потенки, има и такви кои со сите сили се обидуваат да накачат неколку килограми.

zeni-koi-se-poseksapilni-otkako-ja-zgolemile-tezinata-1_copy.jpg

Ова се приказни за вториот тип на жени.

Покрај сите психички и физички препреки, денес се благодарни што некако успеале да ја зголемат тежината и да добијат поголем сексапил.

Хејли Харис

Хејли признава дека почнала да се изгладнува за да постигне „идеална“ фигура како од списанијата. Но, подоцна се соочила со пореметување во исхраната. Тогаш отворила Инстаграм и добила огромна поддршка. Сега, откако се вратила во нормала со тежината и здравјето, времето го посветува на кампањи против идеализирањето на слабата фигура.

zeni-koi-se-poseksapilni-otkako-ja-zgolemile-tezinata-2.jpg

Кортни Блек

Кортни Блек тежела околу 45 килограми пред неколку години и работела како фитнес модел. Убедена била дека колку што е послаба, толку повоочливи ќе бидат нејзините мускули. Се изгладнувала до степен што завршила во болница, бидејќи внесувала помалку од 800 калории дневно. По третманот и терапијата, Кортни почнала со здрава исхрана која вклучувала 2.000 калории на ден.

zeni-koi-se-poseksapilni-otkako-ja-zgolemile-tezinata-3.jpg

Сара Рамадан

Разликата меѓу двете фотки на Сара се 2 години и 20 килограми. Сара страдала од депресија, што ја довело до анорексија. Денес се занимава со бодибилдинг и е пресреќна со тоа како изгледа.

zeni-koi-se-poseksapilni-otkako-ja-zgolemile-tezinata-4.jpg

Аруша Неконам

Аруша денес е успешна фитнес блогерка и личен тренер, која долго време одбивала да живее здраво. Откако завршила колеџ, бидејќи била перфекционист по природа, почнала диета која наскоро се претворила во изгладнување. Со многу помош и мотивација, денес изгледа како што изгледа.

zeni-koi-se-poseksapilni-otkako-ja-zgolemile-tezinata-5.jpg

Кони Инглис

Кони патела од анорексија уште како тинејџерка, односно скоро 10 години. Понекогаш ќе накачела некој килограм, но многу брзо се враќала на старите лоши навики. Од оваа причина отворила Инстаграм. Благодарение на фото-серијалите кои ја следеле нејзината трансформација и поддршката, не дозволила да се врати на старата тежина.

zeni-koi-se-poseksapilni-otkako-ja-zgolemile-tezinata-6.jpg

Ерика

Уште една девојка која од 16 години патела од анорексија и булимија. Како и повеќето девојки, еден ден се разбудила со помисла дека е многу дебела и мора да држи диета. По прегладнувањето, ја изгубила линијата и формата на телото. Откако сфатила дека се работи за болест и нездрава состојба, Ерика решила да се спротивстави. Денес Ерика се занимава со спорт, стапила во брак и престанала да ги слуша критиките на сметка на нејзиното тело.

zeni-koi-se-poseksapilni-otkako-ja-zgolemile-tezinata-7.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg