Вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и „свадбарките“

Нема ништо полошо од тоа да се облечете во некоја пролетна маичка и да забележите дека салото на грбот и рацете се истакнуваат повеќе од што треба.

vezhbi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-saloto-na-grbot-i-svadbarkite-01.jpg

Честопати се фокусираме на другите делови од телото при вежбањето, па забораваме дека има вишок и на грбот, а да не заборавиме и на „свадбарките“ кои на сите им одат на нерви.

Покрај стандардните вежби за цело тело, постојат и вежби кои ќе ви помогнат да го намалите вишокот на овие два дела.

Така, ќе имате совршено тело од глава до пети и ќе можете слободно да облечете тесни маички со голи раменици.

Практикувајте го овој тренинг 2-3 пати неделно и правете одмор помеѓу вежбите. За вежбите каде на сликите се прикажани тегови, пожелно е да користите мали тегови.

Вежба 1

Одлично е да го почнете тренингот со 2-минутно скокање на јаже за да се загреете и да ги зајакнете рамената и грбот.

vezhbi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-saloto-na-grbot-i-svadbarkite-02.jpg

Вежба 2

  • Застанете исправено со стапала раширени малку повеќе од колковите и малку свиткајте ги колената.
  • Кренете ги рацете нагоре виткајќи ги во лактите и левата рака турнете ја надесно како движење за удар.
  • Вратете се во почетна положба и повторете го тоа со десната рака на левата страна.
  • Менувајте ги рацете со исти движења 60 секунди и повторете 3 пати со пауза од 20-30 секунди.

vezhbi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-saloto-na-grbot-i-svadbarkite-063.jpg

Вежба 3

  • Легнете на грб со рацете свиткани над градите и со кренати нозе свиткани во колената под прав агол.
  • Кренете ги рацете нагоре над градите и подигнете се со рамената, истовремено кревајќи ги нозете исправено нагоре.
  • Вратете се во почетна положба и повторувајте го истото движење 45 секунди.
  • Повторете 3 пати со пауза од 20-30 секунди.

vezhbi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-saloto-na-grbot-i-svadbarkite-04.jpg

Вежба 4

  • Спуштете се и застанете во положба за склекови.
  • Полека спуштете ги градите кон подот и фокусирајте се на мускулите на грбот.
  • Турнете се нагоре до почетната положба.
  • Повторувајте го ова движење 45 секунди.
  • Повторете ја вежбата 3 пати со пауза од 20-30 секунди.

vezhbi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-saloto-na-grbot-i-svadbarkite-05.jpg

Вежба 5

  • Легнете во положба за склек, но со исправени раце како на првата фотографија.
  • Свртете го горниот дел од телото на лево и кренете ја левата рака исправено нагоре.
  • Вратете се во почетна положба и повторете го истото на десната страна, со десна така.
  • Менувајте ги рацете со исти движења 45 секунди.
  • Повторете ја вежбата 3 пати, со пауза од 20-30 секунди.

vezhbi-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-saloto-na-grbot-i-svadbarkite-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg