Како да ослабете само со пешачење?

Пешачењето е секојдневна физичка активност, која ако внимателно ја практикувате, може да ви помогне да ослабете, заедно со контролирањето на исхраната.

kako-da-oslabete-samo-so-pesacenje-001.jpg

Доколку не сте љубител на спортовите и теретаната, здравата исхрана во комбинација со пешачењето може да биде идеален начин да ја дотерате фигурата за лето.

Придржувајте се до следниве 7 закони за видливи резултати:

1. Направете 15.000 чекори дневно

Иако на прв поглед ви се чини многу, зборуваме за секој чекор во текот на денот, откако ќе станете од кревет, додека не легнете повторно. Не заборавајте да мерите и да ја следите апликацијата на смартфонот.

2. Пешачете трипати дневно по 20 минути

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои пешачат 15-20 минути после секој оброк, имаат многу подобра рамнотежа на шеќер во крвта (што значително ја намалува желбата за непотребна храна), за разлика од оние кои пешачат по 45 минути одеднаш.

3. Одете по нагорници трипати неделно

Искачувањето, односно пешачењето по нагорници помага во изградба на мускулите и го забрзува метаболизмот.

4. Пешачете во брзи и бавни интервали

Пешачете така што ќе направите 1-минутни интервали на брзо и бавно пешачење и ќе го менувате темпото наизменично на секоја минута. На овој начин ќе согорите дополнителни калории.

5. Може да додадете и вежби

Кога сте веќе активирани, доколку имате желба, може да ја искористите клупата за да ги истегнете нозете или да направите пауза во место и да направите 20 чучнувања.

6. Ограничете го внесот на калории

Доколку сакате да ослабете само со пешачење, во текот на денот не би требало да внесувате повеќе од 1.600 калории дневно ако сте жена, односно 2.000 калории ако сте маж. Фокусирајте се на исхрана богата со протеини.

7. Одете по подолгиот пат

Ако вообичаено ги знаете сите скратени патчиња до дома или до работа, сега користете го подолгиот пат.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
6 вежби со кои ќе ги отстраните масните наслаги на грбот и ќе ги зајакнете мускулите Не е доцна да почнете со вежбање, без разлика што сезоната на костими за капење ...
7 вежби за рамен стомак за кои не треба да станете од столот Ако сте од оние помрзливите, но сепак сонувате за рамен стомак, тогаш сигурно ќе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg