Совети кои треба да ги применувате со вежбањето за постигнување подобри резултати

Ако вежбате, но не забележувате резултати, следете ги овие совети кои сигурно ќе помогнат во слабеењето и постигнувањето на посакуваната телесна тежина.

nekolku-soveti-za-najbrzo-sogoruvanje-na-kalorii-so-vezhbanje-01.jpg

Постојат неколку начини за зголемување на ефикасноста на вежбањето, па така само со внесување на мали промени можете да изгубите повеќе калории и да ги добиете саканите резултати.

Една од причините зошто резултатите изостануваат е бавниот метаболизам, па затоа согорувањето на калориите не оди толку брзо колку што би сакале. Но, не треба да очајувате, бидејќи и за ова постои решение.

Она што сите тренери го препорачуваат се следните едноставни совети кои би требало да ги применувате во секојдневното вежбање и со тоа да го поттикнете согорувањето на калории, со што ќе дојдете до брзи и подобри резултати. 

Прво треба вежби за сила и загревање, па потоа кардио вежби

Најдобри резултати со вежбањето за топењето на масните наслаги ќе постигнете доколку после завршеното вежбање го одржувате телото во состојба на топење на масното ткиво.

Затоа, добро е прво да ги правите вежбите за сила и загревање, следејќи ги инструкциите на тренерите, па потоа да ги применувате кардио вежбите.

soveti-koi-treba-da-gi-primenuvate-so-vezhbanjeto-za-postignuvanje-podobri-rezultati-02.jpeg

Избегнувајте храна пред да вежбате

Истражувањата покажале дека за најдобри резултати во губењето масни наслаги е најдобро да вежбате наутро со празен стомак. Доколку немате јадено пред вежбање, вашето тело нема многу залихи на јаглехидрати со што го присилува телото наместо тоа да ги согорува наталожените масти.

Ако пак сакате да јадете, обидете се тоа да биде три часа пред да почнете со вежбање, особено доколку тренинзите ви се во попладневните часови.

Сложени вежби

Во сложените вежби, во кои се вклучуваат повеќе зглобови и мускули при изведувањето, се трошат и поголем број калории и резултатите кои се постигнуваат со нив се неверојатни.

Тоа е последица на големата подвижност која ја правите наеднаш со повеќе зглобови и активирате со тоа повеќе мускули.

Следниот пат кога ќе бидете во салата за вежбање, замолете го тренерот да ви покаже како се изведуваат сложените вежби, а потоа фрлете се на работа.

soveti-koi-treba-da-gi-primenuvate-so-vezhbanjeto-za-postignuvanje-podobri-rezultati-03.jpg

Интервални вежби

Интервални вежби или вежби со висок интензитет, се едни од најефикасните начини за брзо губење на калории и за забрзување на метаболизмот.

Овие вежби вклучуваат вежбање во серии, без разлика на видот на потезите, односно правите една серија од вежбата, паузирате, па ја повторувате.

Тие го поттикнуваат вашето тело побрзо да работи и со тоа ви овозможува брзо постигнување на саканите резултати.

Супер сетови

Станува збор за напредна техника за зголемување на интензитетот на вежбање. Супер сетовите вклучуваат комбинација на две вежби, кои се изведуваат наизменично.

Започнувате со серија од првата вежба, а потоа без пауза веднаш започнувате со една серија од другата вежба. Потоа повторувате пак, почнувајќи од првата, па продолжувајќи со втората.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg