7 трикови за мотивација за вежбање кога сте депресивни

Понекогаш е навистина тешко да се најде мотивација за вежбање, а тоа станува уште покомплициран предизвик ако страдате од депресија.

7-trikovi-za-motivacija-za-vezhbanje-koga-ste-depresivni-01.jpg

Депресијата и сличните на неа нарушувања влијаат и врз физичката подготвеност на личноста. Без разлика на интензитетот на нарушувањето, може да се случи на овие лица да им е тешко да се истушираат за на работа, да го средат домот и уште помалку, да вежбаат.

Но, физичката активност е еден од најдобрите сојузници во борбата со депресијата. Всушност, доволни се и два часа неделно вежбање, за симптомите да бидат помалку изразени. Иако советот за вежбање е веќе клише кога се во прашање ментални нарушувања, навистина има зошто лекарите и психолозите го препорачуваат тоа.

Затоа, следете ги овие совети:

Почнете со едноставна активност

За почеток, доволно е да ги искачувате скалите, наместо да користите лифт или да издвоите дел од денот за убава прошетка. Исто така, не ја потценувајте и моќта на вежбите за истегнување.

Вежбајте дома

Доколку не се чувствувате подготвено да одите во фитнес-сала или да се приклучите на некој друштвен спорт, вежбајте дома. Најдете видеа или апликации со вежби кои ви одговараат и почнете да ги практикувате секојдневно.

7-trikovi-za-motivacija-za-vezhbanje-koga-ste-depresivni-02.jpg

Повикајте пријател

Некои работи се полесни кога се прават со некој на кому му верувате. Обратете се на најдобриот пријател, кој сигурно ќе сака да ви излезе во пресрет во вашиот пат за ослободување од депресивните епизоди.

Планирајте однапред

Испланирајте во кои денови ќе вежбате и кои вежби ќе ги применувате. Кога знаете дека нешто ве чека, вашиот мозок и тело се подготвуваат за претстојната активност.

Обидете се со нова активност

Можеби претходно сте трчале, сте практикувале јога или сте вежбале аеробик, но зошто да не пробате со пливање, одбојка или некоја боречка вештина? Со самото тоа што започнувате нешто ново, ви се враќа и мотивацијата да се грижите за себе.

7-trikovi-za-motivacija-za-vezhbanje-koga-ste-depresivni-03.jpg

Работете со тренер

За реално да совладате некој спорт или вештина, потребно е тоа да го правите под надзор на тренер. Пронајдете мотивација во вашата желба да напредувате во она што го избравте. Помошта од тренерот ќе ви помогне да останете поактивни во текот на целото вежбање.

Најважно, бидете нежни кон себе

Секако, не смеете да претерувате со ништо, вклучително и со вежбањето. Справувањето со ментално нарушување воопшто не е лесно и доколку во некој ден не се чувствувате подготвени за вежбање, не го правете тоа. Во никој случај немојте да се принудувате себе по секоја цена да правите она што сте намислиле и имајте трпение кон своето ментално здравје.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg