Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Едноставни начини да ја подобрите рамнотежата на телото

Одржувањето на рамнотежата на телото се губи во текот на годините. Но, доколку имате потешкотии кога сте млади, може да се работи за сериозен медицински проблем.

ednostavni-nachini-da-ja-podobrite-ramnotezhata-na-teloto-01.jpg

Рамнотежата е еден од клучните фактори за преживување и е поврзан и со телесната конструкција, но и со нервниот систем. Исто така, е поврзана и со видот. Кога се нарушува видот и послабо гледате, може да имате и проблеми со стабилноста на телото.

Сепак, ако се соочите со овој проблем, можете да го контролирате со помош на вежби. Со тоа ќе избегнете да бидете дел од статистиката на луѓе со проблем во рамнотежата, кои поради тоа претрпеле сериозни повреди.

Ова се неколку вежби кои можете да ги применувате, без разлика на возраста:

Стоење на една нога

Ова можете да го правите дома, за време на вообичаените активности, како што се готвење, бришење прашина или миење садови рачно. Стојте по 30 секунди на една нога, па променете ја.

Бидете блиску до предмет за кој можете да се придржите во случај да почнете да ја губите рамнотежата.

ednostavni-nachini-da-ja-podobrite-ramnotezhata-na-teloto-03.jpg

Научете таи-чи

Таи-чи е систем на вежби кои се применуваат за истегнување и смирување на телото. Јогата исто така може да ви помогне да ја вежбате рамнотежата на телото. Разликите ќе ги забележите по само два месеца.

Одете на пета, па на прсти

По должината на собата, чекорете во мали чекори со тоа што прво ќе згазите на петицата, па на прстите. Потоа, направете го истото одејќи наназад.

ednostavni-nachini-da-ja-podobrite-ramnotezhata-na-teloto-02.jpg

Танцувајте

Танцувањето и гимнастиката ќе ја подобрат вашата координација при движењето. Помислете само на балерините кои и во возрасни години можат лесно да балансираат. Учете од нивниот начин на живеење.

Одморајте се добро ноќе

Ненаспаноста во голем дел може да влијае врз вашата стабилност. Кога не сте наспани, заслабнати ви се и рефлексите, па често се случува уморни луѓе да паднат и да се повредат. Осигурајте се дека ноќе спиете доволно квалитетно.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg