Како да се ослободите од вишокот кожа после слабеење?

Доколку успешно сте изгубиле голем број килограми, можно е да ви остане вишок кожа. Важно е да знаете дека ова е чест проблем кај луѓето кои изгубиле над 20 килограми за брзо време.

kako-da-se-oslobodite-od-vishokot-kozha-posle-slabeenje-001.jpg

Но, постои решение и за овој проблем.

Ризични фактори за вишок кожа после слабеење:

Покрај бројот на изгубени килограми, постојат и други нешта што имаат влијание врз појавата на вишок кожа.

Возраст: Како што стареете, кожата почнува да ја губи еластичноста.

Генетика: Гените одредуваат колку ќе ослабе и остаре вашата кожа.

Изложеност на сонце: Сонцето може да ја оштети кожата и да ја намали нејзината еластичност.

Исхрана и течности: Доколку не пиете доволно вода и не се храните здраво, кожата ќе страда.

Пушење: Пушењето го забрзува процесот на стареење на кожата.

kako-da-se-spravite-so-vishokot-kozha-posle-slabeenje-03.jpg

Како да се справите со вишокот кожа?

Сечие тело е различно, па секој ќе има разни последици од слабеењето. Некои луѓе нема да имаат проблем со вишокот кожа, а на некои им е потребна дури и операција за да ја отстранат.

Сепак, постојат и неколку работи што можете да ги направите за да се справите со овој проблем.

Не слабејте нагло

Најдобриот начин да се справите со проблемот е да го избегнете што е можно повеќе. Брзото губење на килограмите речиси сигурно ќе ве остави со вишок кожа, па обидете се да слабеете побавно.

Во текот на една недела не треба да ослабите повеќе од еден килограм.

Секој ден нанесувајте крема

За време на диетата телото се намалува, а кожата мора да ја задржи својата еластичност. Во овој случај ќе ви помогнат кремите и лосионите за тело. Секоја вечер пред спиење нанесете дебел слој крема.

kako-da-se-spravite-so-vishokot-kozha-posle-slabeenje-04.jpg

Пилинг

Правете пилинг еднаш неделно и на овој начин ќе ги отстраните мртвите клетки и ќе го одржете здравјето на кожата.

Стегајте ги стомачните мускули во текот на денот

Во текот на денот стегајте ги стомачните мускули што е можно повеќе. Додека седите, возите, гледате филм… стегнете ги стомачните, држете околу една минута, па опуштете ги.

Пијте многу вода

На кожата ѝ е потребна влага, па не заборавајте да пиете вода. Покрај тоа, на овој начин телото полесно ќе ги исфрли токсините и вашата кожа ќе изгледа поздраво.

kako-da-se-spravite-so-vishokot-kozha-posle-slabeenje-05.jpg

Вежбајте со тегови

Вежбањето е клучно за здравото слабеење. Не треба да ги занемарите мускулите бидејќи тие ќе ви помогнат да ја затегнете и кожата.

Масажа

Масажата ја одржува и ѝ ја враќа еластичноста на кожата. Па, еднаш неделно масирајте се самите или одете во салон.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
10 (ефикасни) трикови со кои ќе се ослободите од масните наслаги на бутовите Преголемиот внес на сол прави вашето тело да го задржи вишокот вода, што пак пре...
Вежби со кои ќе ја затегнете кожата на вратот (и ќе се ослободите од подбрадокот) За овие вежби не ви е потребна апсолутно никаква опрема и можете да ги направите...
Што е „канцелариски задник“ и какви други проблеми со здравјето може да предизвика? Знаете ли дека од прекумерно седење мускулите на задникот може целосно да забора...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg